Тим на хемиски инжинери од универзитетот во Ватерло, Канада, постигнаа голем напредок кај технологијата на батерии.

Предводени од професорот Линда Назар, тимот откри дека перформансите на Литиум-Сулфурната батерија би можеле значително да се зголемат доколку се додаде малку Магнезиум-Диоксид. На овој начин, батериите би биле за три пати поиздржливи од Литиум-Јонските батерии.

11 770x440

Тројното зголемување на издржливоста претставува одлична вест за мото индустријата и би се отстранил главниот сомнеж кој го имаат потенцијалните купувачи. Ако издржливоста на батеријата може да се зголеми, а притоа не се зголеми нејзината цена, бројот на електрични мотоцикли на улиците значително ќе се зголеми.

„Ова е значителен чекор напред и ги носи „Li-S“ батериите еден чекор поблиску до реалноста“, изјави Назар.

Студијата открива дека Магнезиум – Диоксидот ја трансформира сулфурната катода на „Li-S“ батеријата во катода која има високи перформанси и која може да се полни повеќе од 2000 пати. Катодите и Анодите се двете електроди на батеријата одвоени со електролитно соединение. Сулфурот, кој е релативно лесен и евтин, историски гледано не е добар материјал бидејќи се раствора во соединението како што се празни батеријата.

Energica 1 770x440

Универзитетот претходно објави студија во која се наведува дека Металик-Титаниум оксидот би можел да го стабилизира сулфурот, но најновите истражувања покажуваат дека Магнезиум-Диоксидот функционира уште подобро.

„Останаа многу малку истражувачи кои работат со сулфур,“ вели Назар. „Иронично е тоа што мораме да погледнеме толку наназад во минатото за да разбереме нешто што би можело да ја промени нашата иднина.“

Back To Top