MotoGP

Валентино Роси: Среќа ништо не е скршено

„Мислам дека мојата мотокрос кариера е завршена! Се чувствувам среќен бидејќи после таков пад многу лесно можеше да дојде до некоја скршеница“ - Валентино Роси

Следете нè на:

 

Валентино Роси се чувствува среќен и полн со оптимизам во пресрет на домашната трка која ќе се оддржи овој викенд во Муџело откако доживеа сериозен инцидент додека тренираше со мотокрос мотоцикл.

Италијанецот се здоби со повреди на стомакот и  градите и мораше да помине една вечер во болница. Возачот на Movistar Yamaha доби одобрение за настап но се уште не знае какви последици ќе има од повредата.

rosi bolki motokros

„Бев во Кавалара која е една од моите омилени патеки,“ изјави Роси. „За жал при доскокот излетав еден метар надвор од патеката каде подлогата беше многу мека. Мотоциклот наеднаш запре и јас излетав преку него.“

„Тоа беше лош пад. Болеше многу. Особено стомакот и предниот дел од телото. Останав една вечер во болница бидејќи имав тешкотии при дишењето. Но и откако се вратив дома се уште имав болки. Од пред два дена ситуацијата почна да се подобрува. Сега ќе мораме да почекаме и да видиме како ќе се чуствувам кога ќе се качам на мотоциклот.“

„Вчера се качив на Tmax и на R6. Не чувствував болка и поради тоа постои оптимизам. Но мислам дека две работи ќе бидат проблематични: Моето движење на седиштето кога менувам правец и кога земам повеќе воздух. Тоа се уште ми претставува проблем.“

„Се уште не сум 100 проценти подготвен но сепак е рано. Ни треба уште тренинг за да имаме добра трка во недела.“

Роси вели дека поради стравот кој го претрпел можеби дошол крајот на неговата мотокрос кариера.

„Отсекогаш сум возел мотокрос мотоцикли бидејќи ми се допаѓаат. Уживам во нив и мислам дека тие се најдобриот тренинг, како физички така и ментално. Но мислам дека после овој пад мојата мотокрос кариера е завршена!“

„Искрено се чувствувам среќен бидејќи после таква несреќа многу лесно можеше да дојде до некоја скршеница и да останам дома за двете најважни трки од сезоната. Утре ќе го почнам денот најнормално и ќе видам дали имам болка и дали ќе треба да извозам помалку кругови за да ја зачувам енергијата за трката во недела.“

Роси викендот ќе го започне од третата позиција во генералниот пласман. „Докторот“ кој имаше проблеми со моторот на трката во Муџело минатата сезона има заостанување од 23 поени зад тимскиот колега Маверик Вињалес и шест поени зад Дани Педроса.

Но едно нешто на кое може да биде сигурен е поддршката која ќе ја добие од домашните фанови. „Во Муџело атмосферата е секогаш специјална, како за мене така и за сите Италијански возачи. Фановите тука се многу блиску до патеката.“

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!