За време на последниот ден од тестот во Катар, Валентино Роси се соочи со проблеми со пневматиците, за кои вели дека се многу слични со проблемите кои ги имаше минатата година.

Валентино Роси повторно се соочи со проблеми со пневматиците за време на последниот ден од MotoGP тестот во Катар. Во текот на поголемиот дел од минатата година, Италијанецот се соочуваше со прерано оштетување на гумите. После четвртата трка од сезоната, тој не успеа да се искачи на подиумот.

Иако Роси вели дека е задоволен од напредокот на 2020 М1 и дека е навистина брз со новите пневматици, „Докторот“ беше разочаран бидејќи после неколку круга, пневматикот почна да се оштетува и постепено се намалуваше контактот на гумата со површината. За разлика од него, другите возачи на Yamaha не се соочија со овој проблем.

Колку само за споредба, веќе од осмиот круг, резултатот на Роси се намали на 1 минута 55.8 секунди. Резултататот на Фабио Куартараро изнесуваше 54.7 секунди, Маверик Вињалес имаше време од 54.9 секунди а Франко Морбидели - 55.1 секунда.

 DSC3297 copy copy copy

„Денеска сме малку загрижени, не поради резултатот туку поради брзината која ја имавме “, вели Роси. „Се обидовме да се подобриме но за жал имавме одредени проблеми со гумите. Слично вака ни беше и минатата година. Почнувам добро но после неколку круга морам да ја намалам брзината и тоа воопшто не е добро.“

„Се чувствувам добро кога сум на мотоциклот. Брз сум, особено во првите 5-6 круга. За жал тоа не е доволно за победа.“

„Сега завршија тестовите и ќе видиме што ќе се случи за време на трката. Тогаш се е поинаку.“

Тимскиот менаџер Масимо Мерегали додаде: „Во текот на следната недела ќе ги анализираме податоците кои ги обезбеди Роси. Истоврмемено, ќе се обидеме да ги подобриме и пневматиците. Не е далеку од најдобрите возачи и очекувам да се бори за место на подиумот.“

И покрај резултатот кој го постигна, Роси заостануваше само 0.474 секунди зад времето кое го имаше Маверик Вињалес.

Во однос на тоа кој е фаворит за победа на првата трка од сезоната, Роси вели: „Мислам дека во текот на зимата Ринс, Вињалес и Куартараро беа навистина брзи. Денеска и Франко и Маркез беа добри. Но и ние не заостануваме премногу“, вели Роси.

Back To Top