„Не му останува уште многу време на Пол Еспаргаро да стигне до првата победа со КТМ. Сепак, со нетрпение го чека преминот во Honda.“

Пол Еспаргаро вели дека со нетрпение го чека преминот во Repsol Honda но и дека е подготвен за последните две трки од сезоната со тимот на КТМ.

Пред стартот на 2020 MotoGP сезоната беше потврдено дека Еспаргаро ќе и се приклучи на Honda во сезоната 2021. Вели дека одлуката биле многу лесна со оглед на доминацијата на тимот изминативе неколку сезони.

Сепак, оваа година не беше многу успешна за тимот, пред се поради повредата со која се соочи Маркез. Од друга страна, КТМ прерасна во тим кој ги надмина очекувањата.

Сега многумина се прашуваат дали Еспаргаро, кој е дел од КТМ уште од самото деби на екипата во шампионатот, ја донел вистинската одлука.

Еспаргаро е на ставот дека донел исправна одлука и со нетрпение чека да се натпреварува со истиот мотоцикл како и Маркез.

„Одлуката да преминам од КТМ во Honda ја донесов бидејќи сметам дека тоа е одлична можност.“

„Поголем дел од возачите сонуваат за таа можност а јас ја имав пред себе. Едноставно, не можев да одбијам.“

„Сега сакам да ја завршам оваа сезона на најдобар можен начин. Следната очекувам да ја почнам заедно со најдобриот возач на еден од најдобрите мотоцикли во светот. Ќе биде интересно кога прв пат ќе се видам во огледало со облека на Honda.“

 DSC3398

За разлика од Еспаргаро, Бред Биндер и Мигел Оливеира имаат добра сезона во КТМ. Шпанецот годинава четири пати се искачи на подиумот и освои две пол позиции.

Еспаргаро, кој во моментов е на седмото место во генералниот пласман со заостанување од 19 поени во однос на втората позиција, вели дека би сакал со победа да си замине од тимот но и дека нема да биде премногу разочаран ако не успее да го стори тоа.

„Не сум премногу нервозен за да стигнам до победа. Во Чешка, кога Јохан Зарко не истурка надвор од патеката, се боревме за победа.“

„Во Австрија бев прв се додека не се појави црвеното знаме. Имавме неколку шанси за победа но поради различни причини не успеавме да стигнеме до целта.“

„Секако дека сакам да победам но сметам дека тоа воопшто нема да биде лесно.“

Back To Top