Штефан Брадл ќе го напушти MotoGP во 2017 година и ќе се приклучи на Светскиот Супербајк шампионат

Штефан Брадл потврди дека ќе го напушти MotoGP шампионатот по завршувањето на актуелната сезона. Германецот премина во премиерната класа во 2012 година а во 2013 го освои единствениот пласман на подиумот и пол позиција за тимот на LCR Honda.

Во 2015 година тој премина во Forward Racing, а потоа и во Aprilia.

Од Aprilia потврдија дека следната сезона за нив ќе возат Сем Ловс и Алеш Еспаргаро.

Брадл одлучи да го напушти MotoGP шампионатот откако не успеа да се договори со Avintia Ducati.

bradl motogp wsbk

„Следната година нема да се натпреварувам во Гран При шампионатот,“ изјави Брадл за Speedweek.com.

„Ги почитувам напорите на Avinta кои постојано ја подобруваа понудата. Но некои делови од договорот не ми одговараа.“

Германскиот возач сега ќе премине во Светскиот Супербајк шампионат, а тимот на Honda се смета за фоворит во трката за потписот на возачот кој досега има постигнато седум Гран При победи (пет во Moto2 и две во 125cc).

Брадл можеби нема да биде единствениот возач кој ќе премине од MotoGPво WSBK следната сезона. Возачот на Aspar, Јуџин Лаверти, изјави дека ги разгледува понудите од двата шампионата.

И покрај заминувањето на Брадл, Германија ќе има свој возач во MotoGP класата следната сезона преку дебитантот Јонас Фолгер кој му се приклучи на Tech 3.

Брадл, кој не настапи на домашната трка поради потрес на мозокот, во моментов се наоѓа на 15то место на табелата и е за три места подобар од тимскиот колега Алваро Баутиста, кој се очекува да премине во тимот на Aspar Ducati.

Back To Top