MotoGP

Сеќавање на Ники Хејдн: Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Следете нè на:

 

Ники Хејдн беше роден во натпреварувачка фамилија во Овенсборо, Кентаки (САД), на 30-ти јули 1981 година. И неговиот татко, Ерл и неговата мајка Роуз се тркаа. Ерл имаше постигнато солидни резултати во неколку средни натпреварувања, а неговата мајка доминираше во таканаречената 'Powder Puff' добри пет години.

Нивните пет деца, според возраста Томи, Џенифер, Ники, Роџер и Кетлин, сите научија да возат дури и пред да проодат. Иако девојките подоцна одлучија да се занимаваат со поинакви работи, момчињата станаа професионални возачи.

Ники ја започна кариерата како четири годишен на патеката Падуках. Од тој момент, тој редовно беше дел од „dirt track“ натпреварувањата и речиси секој викенд заедно со фамилијата патуваше низ американскиот среден запад.

Врвот беше Сптингфилд ТТ во 2002 година каде се квалификуваше за првиот ред, а на крајот на трката тројцата браќа се искачија на подиумот.Ники, Томи и Роџер трката ја завршија по тој редослед, нешто што се нема случено во професионалната  „AMA Dirt Track“ трка.

hejden

Во тој период, Ники веќе беше еден од најталентираните возачи, а неколку месеци подоцна тој го освои и шампионатот.

Ники постепено премина на асфалт откако на 16 години потпиша договор со Honda America. Првата сезона му беше во 1998 година и на крајот заврши како четвртопласиран во категориите AMA 750 и АМА 600 суперспорт.

Во 1999 година, со осумнаесет години тој стана најмладиот шампион во AMA 600 суперспорт шампионатот, а за титулата се бореше со неговиот брат Томи. Истата година тој учествуваше и во 12 од 18 „Grand National dirt track“ рунди, и на крајот успеа да се закити со наградата за дебитант на сезоната.

Во 2000 година, се уште во тимот на Honda, напредуваше во премиерната АМА супербајк категорија и на крајот заврши на второто место со заостанување од само пет поени зад победникот Мет Младин. Во 2001 година заврши на третото место, а во 2002 година тој успеа да стане најмладиот победник во шампионатот со 21 година и 2 недели. Во текот на сезоната тој исто така успеа да победи и на престижната Дејтона 2000.

Во 2003 година се случија некои драматични промени во неговата кариера. Следен од Honda и Yamaha за да биде дел од нивните MotoGP тимови, младиот американец одлучи да остане во Honda и да биде дел од нивниот Repsol Honda тим заедно со светскиот шампион Валентино Роси.

Во комплетно новата средина, Хејдн веднаш се здоби со почит поради неговиот карактер како и поради агресивниот и спектакуларен стил на возење. Во дебитанската сезона два пати успеа да се искачи на подиумот, на трките во Австралија и во Мотеги, а сезоната ја заврши на петото место. На крајот успеа и да ја освои наградата Дебитант на сезоната откако заврши пред Трој Бејлис и Колин Едвардс.

Роси го потресе MotoGP светот откако во 2004 година реши да премине во тимот на Yamaha. Со овој потег се зголеми притисокот врз Хејдн да ја продолжи борбата за титулата со тимот на HRC. Сезоната не се одвиваше онака како што се очекуваше, а дополнителни проблеми настанаа откако Хејдн ја скрши клучната коска. Сезоната ја заврши на осмото место и покрај тоа што се искачи на подиумот на патеките во Рио и Заксенринг.

Но Хејдн се врати посилен во 2005 година. И покрај тоа што падна на првата трка, после тоа следуваше серија од одлични резултати кои резултираа со освојување на прватa победа во MotoGP на трката која се возеше во Лагуна Сека. Потоа освои уште пет места на подиумот, Германија, Катар, Австралија, Турција и Валенсија. На крајот на сезоната се најде на третото место.

2006 година ќе биде најдобрата и најдраматичната сезона во неговата кариера. Сезоната ја започна силно, седумпати се искачи на подиумот во првите осум трки, а постигна и победа на трката во Асен што му овозможи да се најде на првото место на табелата. Дополнително ја зацврсти позицијата со уште една победа во Лагуна Сека и во тој момент имаше 34 поени предност пред Дани Педроса и 51 поен предност пред Валентино Роси.

Но по летната пауза, формата на Роси почна значително да се подобрува. Хајден постепено ја губеше предноста, а тоа конечно се случи на трката во Есторил кога во претпоследниот круг неговиот тимски колега Дани Педроса го истурка надвор од патеката. Сепак на следната трка во Валенсија тој се врати посилен и решен да ја надмине предноста која во тој момент ја имаше Роси. На крајот, тој стана првиот возач по 2000 година кој успеал да го победи „Докторот.“

На 29-ти декември 2006 година, Роси падна, а возачот од Кентаки заврши на третото место и стана новиот Светски шампион. Неговите емоции по завршувањето на трката веќе влегоа во историјата на MotoGP. Роси беше првиот што му честиташе на титулата.

Во 2007 година MotoGP премина од мотори со 990cc на мотори со 800cc, а Хејдн доби мотоцикл кој се чини дека беше дизајниран за Педроса. Во сезона во која доминираа Кејси Стонер и Ducati, Хејдн воопшто не се чувствуваше самоуверено на мотоциклот и на крајот успеа да освои само три места на подиумот. Сезоната ја заврши на осмото место.

2008 беше уште една чудна година за Хејдн особено на стартот на сезоната. И покрај тоа што неколкупати завршуваше меѓу првите пет возачи, на крајот сепак не успеа да се искачи на подиумот. Поради повреда на ногата мораше да ги пропушти трките во Чешка и Сан Марино. Сепак се врати подготвен за трката во Индијанаполис каде што заврши на второто место и покрај лошите услови за возење на патеката.

Уште еден подиум на Филип ајленд како и серијата од добри резултати кон крајот на сезоната му помогнаа неговата последна сезона во тимот на Honda да ја заврши на шестото место.

Во 2009 година Хејдн премина во тимот на Ducati. На првата трка, која беше одложена поради обилните врнежи во Катар, Хејдн заврши на дванаесетото место. Ова беше почеток на една сезона во која Хејдн постепено ќе се подобрува. На трката во Индијанаполис тој повторно успеа да се искачи на подиумот.

Сезоната 2010 започна добро. На првите пет трки тој четири пати се најде меѓу најдобрите четири возачи по завршувањето на трката. На подиумот се искачи на трката во Арагон. И покрај тоа што неможеше да го стигне Стонер, на крајот заврши на седмото место.

Во 2011 година во тимот му се приклучи поранешниот тимски колега Валентино Роси. И покрај тоа што целиот тим се фокусираше на Роси, на крајот на сезоната Хејдн заврши само седум поени зад италијанецот.

Медимуте беа целосно фокусирани на Роси и особено неговиот лош настап но Хејдн покажа конзистентност. Но во 2012 година тој најпрво не успеа да ги заврши квалификациите за трката во Индијанаполис, а потоа и излета од патеката на трката која се оддржа во Арагон. На крајот на сезоната се најде на деветото место и за прв пат откако влезе во MotoGP не успеа да се искачи на подиумот. Хејдн остана во тимот дури и откако Роси премина во Yamaha. Овој пат имаше нов колега, возачот кој го замени во Honda, Андреа Довициозо.

Иако не можеше да ги стигне возачите на Honda и Yamaha, последната сезона на Хејдн во Ducati воглавно беше борба меѓу него и Довициозо. На крајот на сезоната тој заврши со заостанување од 14 поени зад тимскиот колега. Во 2014 година тој се врати во Honda но овој пат во тимот Aspar.

Разочаран од мотоциклот, сезоната на Хејдн дополнително се влоши и поради повредата на зглобот поради која мораше да замине на две операции. Откако ја надмина повредата и доби ветување дека следната сезона ќе настапува со покомпетитивен мотоцикл, Хејдн реши и следната сезона да настапува за Aspar но овј пат со RC213V-RS.

Неговата последна сезона во MotoGP не беше онаква каква што очекуваше. Повторно имаше проблеми со мотоциклот и само неколкупати успеа да освои поени.

Бидејќи повеќе немаше сериозни опции во MotoGP, во 2016 година Хејдн реши да се испроба во Светскиот Супербајк шампионат. Тука имаше можност да стане првиот возач на кој му успеало да освои титули во MotoGP и WSBK.

Откако дебитираше со победа на трката во Сепанг, Хејдн реши на кратко да се врати во MotoGP и да настапи за тимовите Marc VDS Honda, на трката во Арагон и Repsol Honda на трката која се возеше во Австралија.

2017 ја започна со нов мотоцикл но тој беше далеку од подготвен за натпреварување. Во првите неколку трки, Хејдн и тимскиот колега Штефан Брадл постојано се мачеа да остварат позитивни резултати.

Кога се случи несреќата, Хејдн се наоѓаше на тринаесетото место на табелата и имаше само уште еден месец пред да го прослави својот 36-ти роденден.

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!