„Беше многу тешко со предност од 43 бодови, а сега е уште потешко откако предноста е зголемена на 52 бода“- Валентино Роси

Валентино Роси призна дека борбата за титулата сега ќе биде многу потешка откако Марк Маркез повторно ја зголеми предноста.

Роси заврши на третото место зад тимскиот колега Хорхе Лоренцо и Марк Маркез кој успеа да овои 25 бодови.  Разликата меѓу Маркез и Роси сега изнесува 52 бода а до крајот на шампионатот остануваат само уште 4 трки.

37 годишниот возач кој го освои својот четврти подиум по ред, во изминативе неколку трки постепено ја намалуваше предноста во однос на Маркез, но возачот на Repsol Honda со оваа победа повторно успеа да ја зголеми разликата.

PA2034737.0008

 „Беше многу тешко со предност од 43 бодови а сега е уште потешко откако предноста е зголемена на 53 бода. Не сакам да мислам на шампионатот. Мораме да продолжиме со напорната работа, да останеме концентрирани. За три недели ќе се оддржат другите трки кои ми се допаѓаат и на кои нашиот мотоцикл е особено добар. Ќе мораме да се бориме за победа,“ изјави Роси.

„Со Yamaha немаме победа од трката во Барселона а се чини дека мотоциклите на Honda и на Suzuki имаат голем напредок. Во последните неколку трки тие остварија победи со неколку различни возачи. Мораме да бидеме компетитивни во последниот дел од шампионатот.“

„Важно е да имаме добри трки, да не правиме грешки, да се најдеме на подиумот и да се обидеме да победиме. 52 поени се многу, а и борбата за второто место е изедначена.“

Роси се фокусираше на темпото за време на слободниот тренинг во Арагон и беше во предност во поголемиот дел од трката се до моментот кога беше претекнат најпрво од Маркез а потоа и од Лоренцо.

„Почетокот на трката беше многу забавен, тоа беше одлична борба. Забележав дека Маркез има некакви проблеми и си помислив дека тоа е поради предниот пневматик. Кога бев напред имав добро темпо, се обидов да притиснам до крај но за жал тоа не беше доволно.“

„Во текот на викендот се обидовме да работиме на тоа да бидеме брзи во вториот дел од трката, но за жал не излезе онака како што посакувавме.Дадов се од себе но Лоренцо во вториот дел од трката беше побрз од мене.“

„За жал направив грешка при сопирањето. Одлучив да го скратам свиокот и да излезам надвор од патеката бидејќи ако не го сторев тоа ќе се судревме. Но во секој случај, добро е што освоивме место на подиумот. Секако дека сакав да се најдам пред тимскиот колега но овој пат тој беше побрз. Но сепак, освоивме важни поени.“

Роси сега мора да биде внимателен бидејќи тимскиот колега Лоренцо заостанува само 14 поени.

Back To Top