26
Нед, Фев
MotoGP

Роси се надева на подиум во Катар

“Би сакал да се искачам на подиумот, тоа е мојата цел”- Валентино Роси

Следете нè на:

 

motogp fp1 rossi originalВалентино Роси на првиот тренинг во Катар

“Би сакал да се искачам на подиумот, тоа е мојата цел”- Валентино Роси

Валентино Роси има за цел да заврши помеѓу првите тројца возачи на трката во Катар. Италијанската легенда е седумкратен шампион во премиер класа и возач со најмногу победи, а зад себе има вкупно девет титули.

Но одлуката да започне нов предизвик со Ducati се покажа како чекор назад. Роси нема забележано победа откако замина од Yamaha, остварувајќи само три места на подиумот со Desmosedici.

Yamaha  во меѓувреме продолжи да победува-минатата година ја освои титулата-со двојниот шампион Хорхе Лоренцо, кој можеби беше главната причина поради кој Роси ја напушти Yamaha.

Главната причина за враќањето на Роси беше едноставно шансата да вози на конкурентна машина. 34-годишниот возач се чини дека ужива во статусот на аутсајдер. За прв пат во неговата кариера, возачот од спротивната страна на гаражата се очекува да го победи него.

Лоренцо го направи токму тоа на повеќето од пред сезонските тестови, но Роси беше подобар на последниот предсезонски тест во Херез кога заврши на второто место во генералниот пласман, веднаш зад Кал Кратчлоу. Лоренцо и вицешампионот од минатата сезона Дани Педроса (Honda) се чини дека се уште пред него во однос на брзината.

Роси би можел да се бори со Маркез за последното место на подиумот на трката во недела, но како што покажа трката во Лагуна Сека во 2008 година, доколку Роси се доближи доволно блиску и успее да го вознемири водечкиот натпреварувач, се може да се случи.

„Многу сум задоволен од работата што ја завршивме во Херез и во текот на зимата. Бев брз, се работеше во ред и имаме конкурентен мотор со кој можеме да се бориме за место на подиумот,“ изјави Роси.

„Мислам дека во Катар нема да биде многу лесно; тоа е патека што е тешка за мене, но мислам дека можам да се одбранам и да постигнам добар резултат. Би сакал да се искачам на подиумот, тоа е мојата цел.“

На денешниот прв тренинг Роси забележа трето време.

Возбудувањата продолжуваат утре, според следниот распоред:

Петок:
17:00-17:45 MotoGP Слободен тренинг 2
18:00-18:40 Moto3 Слободен тренинг 3
18:55-19:40 Moto2 Слободен тренинг 3
19:55-20:40 MotoGP Слободен тренинг 3

Сабота:
17:00-17:40 Moto3 Квалификации
17:55-18:40 Moto2 Квалификации
18:55-19:25 MotoGP Слободен тренинг 4 - ново за 2013
19:35-19:50 MotoGP Квалификации 1 - ново за 2013
20:00-20:15 MotoGP Квалификации 2 - ново за 2013
20:40-21:00 Moto3 Загревање
21:15-21:35 Moto2 Загревање

Недела:
17:00-17:20 MotoGP Загревање
18:00 Moto3 Трка (18 круга)
19:20 Moto2 Трка (20 круга)
21:00 MotoGP Трка (22 круга)

SportKlub каналот ќе ги пренесува во живо сите возбудувања, тренинзите, квалификациите и трките во недела.

 

comments

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!