29
Чет, Јун
MotoGP

Преглед на MotoGP тестот во Валенсија

Понеделникот после последната трка во Валенсија, веќе неколку години не го претставува почетокот на официјалните тестови. И тоа е добро. Возачите се преморени од напорната сезона и имаат потреба од мал одмор.

Следете нè на:

 

Понеделникот после последната трка во Валенсија, веќе неколку години не го претставува почетокот на официјалните тестови. И тоа е добро. Возачите се преморени од напорната сезона и имаат потреба од мал одмор.

Но, членовите на тимовите не спаѓаат во таа категорија. Механичарите се преместуваат од една гаража во друга, а шефовите на тимовите се во постојана потрага по нови таленти.

Возачите можеби ќе добијат слободен ден, но останатите членови на тимот нема. На механичарите им се покажува новата гаража и веднаш почнуваат со работа за мотоциклот да биде подготвен за тестот кој ќе се оддржи во вторник.

 gp 0920 0.gallery full top lgЛоренцо за прв пат на новото Дукати

Шефовите на тимовите се исто така зафатени. Тие мораат да ги разгледаат распоредите на возење и да одлучат кој кој возач што ќе тестира.

Тие исто така одвојуваат време и за медиумите. Или барем некои од нив го прават тоа. Првите луѓе на Suzuki, Ducati и Honda одржаа прес конференција на која ги претставија нивните планови.

Пресконференциите исто така ни дадоа и приказ за различните пристапи што секој од тимовите го има. HRC ни го претстави новиот менаџерски тим кој ќе ги преземе обврските од Шукеи Накамото кој ќе замине во пензија. Шефот на Suzuki ги објави плановите на тимот, а шефот на Ducati зборуваше за новиот мотоцикл и за пристигнувањето на Хорхе Лоренцо.

Honda

На пресконференцијата на Honda добивме најмалку информации. Тие никогаш не откриваат детали за техничкиот развој на мотоциклот. На прашањето за новиот мотор кој дебитираше на тестот денеска, Накамото и Кокубу одбија директно да одговорат.

Кокуби сепак откри дека има напредок кај RC213V, пред се во однос на шасијата и електрониката. 

 gp 1194 0.gallery full top fullscreenШампионот го тестираше новиот мотоцикл

Suzuki

Suzuki нема да има нов мотоцикл на тестот во Валенсија. Давиде Бривио веќе изјави дека новиот мотоцикл постигнал голем напредок во текот на минатата зима, во што и сами можевме да се увериме. Мотоциклот веќе е исклучително добар, а новиот менувач заедно со подобрените перформанси на моторот го прават исклучително компетитивен.

Сепак Бривио смета дека би требало малку да се зголеми моќноста на моторот. На денешниот тест, Suzuki ќе настапи со мотоцикл во кој се вклучени некои од промените на кои работеа инжињерите на тимот, а на тестот во Сепанг ќе можеме да очекуваме и нова шасија.

Бривио вели дека очекувањата од Suzuki ќе бидат многу поголеми следната сезона. Сепак Бривио додаде дека на Андреа Јанон ќе му биде потребно време за да се прилагоди на новиот мотоцикл.

 gp 7872 0.gallery full top lgЈамаха е подготвена за 2017

Ducati

Според шефот на Ducati, Џиџи Далиња, на Хорхе Лоренцо ќе му биде потребно време да се прилагоди на новиот мотоцикл. Ducati ќе настапи со новиот GP17 на тестот во вторник. Главните промени на овој мотоцикл се во шасијата.

За да се намали бројот на променливи во податоците, и двајцата возачи ќе користат мотоцикл на кој ќе има крилца. На тој начин ќе можат да направат тестови со GP16 и GP17 и полесно ќе ја разберат промената што ја прави новата шасија.

Според Далиња, отстранувањето на крилцата ќе предизвика забуна и ќе биде потешко да се анализираат податоците.

Далиња додаде и дека Лоренцо ќе треба да се прилагоди на новиот мотоцикл.

„Секако дека ќе мора да научи како функционира мотоциклот и да го прилагоди неговиот стил на возење со предностите што ги има мотоциклот. А за возврат, ние ќе мораме да му го дадеме најдобриот мотоцикл што го имаме. Тоа значи дека прво мораме да разбереме што му е потребно за да биде брз и да се обидеме да му го обезбедиме тоа.“

 gp 7983.jpg.gallery full top fullscreenХорхе Лоренцо официјално во тимот на Дукати

Далиња воопшто не се сомнева во Лоренцо. Тој и претходно има работено со него, во класите од 125cc и 250cc, и добро знае што може да очекува. Ги знае неговите јаки страни и убеден е дека лесно ќе се адаптира. Исто така воопшто не се и сомнева во неговите способности за време на врнежлива трка.

„Во минатото, Хорхе има победено на трка на која врне,“ изјави Далиња. Силата која ја има мотоциклот на Ducati за време на дожд би требало да му ја зголеми самодовербата на Лоренцо.

„Мислам дека во иднина ќе можеме да победуваме и на трка на која условите за возење не се толку добри. Нашиот мотоцикл е навистина силен на дожд. Воопшто не сум загрижен поради тоа.“

Мотоциклот на Ducati кој ќе настапи на тестот во вторник ќе има крилца, но тие само ќе бидат преодна фаза. Во текот на зимата, тие ќе работат на нов аеродинамичен пакет кој ќе биде подготвен за тестот во Сепанг.

Возењето без крилца нема да биде толку голем проблем, смета Далиња. Според него, мотоциклот кој имаа крилца е побрз, но сепак разликата и не е толку голема.

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!