Валентино Роси испрати емотивна порака до неговиот тим.

После 15 сезони, Валентино Роси во Портимао се раздели со Factory Yamaha MotoGP. Конечниот резултат кој го постигна на трката, дванаесето место, не беше ништо спектакуларно иако заврши само неколку десетинки зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Во официјалното соопштение, 42 годишниот возач се потсети на времето поминато заедно со фабричката екипа.

Откако освои три титули со Honda во периодот од 2001 до 2003, Роси премина во Yamaha која се соочуваше со проблеми. Сепак, уште на првата трка тој победи со М1 а на крајот на сезоната на тимот му ја донесе првата титула по Вејн Рејни во 1992 година.

Следуваше уште една титула во 2005-та година. Во 2006 и 2007 година ги загуби титуите од Ники Хејдн (Honda)  и Кејси Стонер (Ducati).

 DSC3297 copy copy copy copy

Првиот дел од соработката меѓу Роси и Yamaha заврши во 2010 година, сезоната кога возачот со број 46 ја скрши ногата на трката во Муџело а неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо, ја освои првата титула. Но после две неуспешни сезони во Ducati, Роси се врати во Yamaha во 2013-та година.

Откако повторно се врати во екипата постигна десет победи а на второто место во генералниот пласман завршуваше во 2014,2015 и 2016.

Но Италијанецот нема победа на една трка од настапот во Асен во 2017 година. Следната сезона него ќе го замени Фабио Куартараро.

„Ова е важен момент бидејќи доаѓа крај на едно долго патување. Историјата меѓу мене и Yamaha Factory Racing MotoGP е поделена на два дела, како и секој добар филм“, изјави Роси.

„Првиот дел е од почетокот во 2004 година па се до 2010-та. МИслам дека тоа беше најдобриот дел од мојата кариера. Со Yamaha испиишавме историја. После 20 и нешто години успеавме да ја освоиме титулата. Секогаш ќе се сеќавам на тие успеси.“

 DSC3566 copy copy copy copy copy copy

„Но исто така сум горд и на вториот дел од соработката. После две неуспешни сезони ми дадоа можност повторно да се вратам во тимот. Многумина тогаш мислеа дека сум веќе стар.“

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога Лин Џарвис ми кажа дека постои можност да се вратам во тимот. Секогаш ќе се сеќавам на тоа бидејќи ако не се случеше, можеби и ќе се повлечев од трките.“

„Моето враќање во Yamaha траеше осум години, една година повеќе од првата половина.Во однос на резултатите, вториот дел беше малку потежок но и покрај тоа бевме блиску до титулата.“

„Сакам да им искажам голема благодарност на мојот тим. Долго време бевме заедно. Берни, Алекс, Матео, Марк, Давид, Идалио и уште многу други. Секако, тука е и Маверик. Имавме добра атмосфера во тимот.“

„Следната година се уште ќе возам со фабрички мотоцикл но боите нема да бидат исти. Можеби нема да седам во гаражата на Yamaha но ќе бидам во близина.“

 DSC3672 copy copy copy

Директорот на Yamaha Racing, Лин Џарвис изјави: „Ова е навистина емоционален момент. Секогаш е тажно кога се збогувате, особено со луѓе кои биле многу важен дел од вашиот тим. Но работите во животот постојано се менуваат а така е и во MotoGP. “

„Ова беше 15-та сезона на Роси во Yamaha. Имам одлични сеќавања од тој период.  Имаше подеми и падови но листата со успеси е импресивна: 4 MotoGP титули, 255 Гран При трки, 56 победи, 142 места на подиумот. Неверојатно е колку многу постигна во овој период.“

„Иако го напушта нашиот тим, ова не е крај на неговата кариера. Ова не е збогување засекогаш туку само транзиција.  Неговот статус како фабрички возач продолжува и во иднина и тој ќе ја има нашата поддршка. “

 DSC3753 copy copy copy

Тимскиот директор на Monster Yamaha, Масимо Мерегали вели: „После 15 години борба за титули со Yamaha Factory Racing MotoGP , дојде време да го пуштиме Роси да оди во друг тим на Yamaha. Беше голема привилегија да се работи со него во изминатиов период.  Делевме одлични моменти. Заедно испишавме историја и Yamaha Factory Racing MotoGP секогаш ќе биде горда на тоа.“

Врвот на Роси од последната сезона со Yamaha беше местото на подиумот на трката во Херез. Но на крајот сепак заврши на петнаесетото место откако поради коронавирусот пропушти две трки. Пет трки пак не успеа да ги заврши до крај.

Во меѓувреме, сателитскиот тим на Petronas  беше многу поуспешен од фабричката екипа оваа сезона. Куартараро и Морбидели заедно постигнаа шест победи.

Еден возач од нив ќе премине во фабричкиот тим и ќе му се приклучи на Вињалес кој сезоната ја заврши на шестото место.

 DSC3828 copy copy copy copy

„Денес се чуствував добро на патеката и ова е добар крај на една приказна“, вели Роси. „Викендот не почна добро за нас бидејќи ми требаше малку повеќе време да се навикнам на патеката. Но за време на трката бев добар и можев да се борам со останатите возачи.“

„Ова е крај на една компликувана сезона. Ќе видиме каква ќе биде следната година. Мораме да работиме напорно за да бидеме компетитивни и подготвени за првата трка.“

Поради корона кризата, Роси ќе го има својот деби настап за Petronas на претсезонскиот тест во Сепанг во февруари следната година.

Back To Top