MotoGP

Победа за Вињалес на првата трка од сезоната

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Следете нè на:

 

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

 aq51404 0.bigПобеда за Маверик Вињалес во Катар

Под светлата на Лосаил следевме возбудлива трка од стартот до самиот финиш која ни ветува дека пред нас е уште една фантастична сезона. Трката започна според распоредот добиен од комбинираните времиња на трите тренинг сесии бидејќите квалификациите беа откажани заради лошите временски услови.

Времето не беше идеално ни пред стартот на трката што придонесе почетокот да биде одложен за цели 45 минути. Трката започна по два загревачки круга и беше скратена на 20 кругови.

Ваквата разврска придонесе да имаме комплетно непредвидлив исход на стартот, 23 возачи полни со адреналин едвај чекаа да започне новата МотоГП сезона. Дека ќе следиме возбудлива трка се покажа веќе на првиот свиок, а Вињалес кој стартуваше од пол позицијата влезе како втор низ свиокот но заради мала грешка падна до петтата позиција.

Трката беше исполнета со претекнувања и постојана борба за првата позиција. Она што беше изненадување беше Јохан Зарко, возачот на Јамаха Теч3 тимот кој успеа да дојде до првата позиција и зад себе да ги остави фабричките тимови на Дукати, Јамаха и Хонда. За жал предниот дел на Јамахата не го издржа притисокот и Зарко ја заврши трката на 14 круга пред крајот. Зад него во моментот беа Довициозо, Маркез, Ианоне, Вињалес и Роси, а Лоренцо беше на далечното 14-то место.

По падот на Зарко Возачите на Јамаха го зголемија темпото, па така Роси во моментот возеше најбрзи кругови и очекувано почнаа да се искачуваат место по место кон пиедесталот. Падот на Ианоне дополнително ја разгори борбата за првата победа во сезоната, за на крајот најуспешен да биде Маверик Вињалес.

Трката во Катар донесе повеќе изненадувања, на пиедесталот ги видовме Вињалес, Довициозо и Роси, Маркез беше четврти следен од Педроса, а Алеш Еспергаро на тимот на Априлија и го донесе фантастичното шесто место. Хорхе Лоренцо имаше катастрофален старт на сезоната и првата трка ја заврши на 11-та позиција.

Поз. Возач Тим Мотор Време
1 Maverick VIÑALES Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 38’59.999
2 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati +0.461
3 Valentino ROSSI Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +1.928
4 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda +6.745
5 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda +7.128
6 Aleix ESPARGARO Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +7.661
7 Scott REDDING OCTO Pramac Racing Ducati +9.782
8 Jack MILLER EG 0,0 Marc VDS Honda +14.486
9 Alex RINS Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +14.788
10 Jonas FOLGER Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +15.069
11 Jorge LORENZO Ducati Team Ducati +20.516
12 Loris BAZ Reale Avintia Racing Ducati +21.255
13 Hector BARBERA Reale Avintia Racing Ducati +28.828
14 Karel ABRAHAM Pull&Bear Aspar Team Ducati +29.123
15 Tito RABAT EG 0,0 Marc VDS Honda +29.470
16 Pol ESPARGARO Red Bull KTM Factory Racing KTM +33.601
17 Bradley SMITH Red Bull KTM Factory Racing KTM +39.704
18 Sam LOWES Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +47.131
Без пласман
  Danilo PETRUCCI OCTO Pramac Racing Ducati 6 Laps
  Andrea IANNONE Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 10 Laps
  Alvaro BAUTISTA Pull&Bear Aspar Team Ducati 13 Laps
  Johann ZARCO Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 14 Laps
  Cal CRUTCHLOW LCR Honda Honda 16 Laps
comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!