Repsol Honda потврди дека нивниот возач, Марк Маркез, нема да се врати на патеката оваа сезона.

Repsol Honda официјално потврди дека нивниот возач, Марк Маркез, нема да се врати на патеката до крајот на оваа сезона. Шпанецот отсуствува од натпреварувањето откако ја скрши десната рака за време на првата трка од шампионатот која се возеше во Херез кон крајот на јули. Тој се обиде да се врати на патеката веќе следниот викенд и покрај тоа што му беше направена операција.

На крајот тоа се покажа како погрешен потег и Маркез беше приморан да се повлече. Веднаш потоа титаниумската плочка која му беше вметната во раката се скрши и тој мораше да замине на втора операција.

Од 3-ти август па се досега, многу малку информации во однос на состојбата на Маркез беа пласирани во јавноста. Според едно соопштение од крајот на август, периодот на опоравување требаше да биде два до три месеци, што би значело дека тој треба да се врати на патеката во периодот помеѓу 22-ри октомври и 22-ри ноември.

 DSC3637 copy copy copy copy copy copy copy

MotoGP возачите многу често го намалуваат периодот потребен за рехабилитација, но во овој случај Маркез не успеа да победи. Финалната трка која ќе се оддржи во Портимао е закажана за 22-и ноември.

Како што продолжува периодот на рехабилитација, Маркез и Repsol Honda потврдија дека тој нема да биде дел од трките кои остануваат до завршувањето на сезоната.

„Работејќи напорно на рехабилитацијата и следејќи го прогресот на неговата рака, Марк Маркез, заедно со Repsol Honda, неговиот тим и докторите кои ја следат неговата состојба, одлучија да го одложат враќањето на патеката се до 2021 година“, се наведува во соопштението кое го испратија од Honda.

На последните две трки од шампионатот, тест возачот на HRC, Стефан Бредл, ќе продолжи да го менува Маркез на патеката.

„Му посакувам на Маркез брзо опоравување а на HRC им благодарам за можноста која ми ја дадоа. Постигнавме голем напредок од трката во Ле Ман и се чуствувам се подобро на мотоциклот.“

„Податоците кои ги собравме оваа недела ќе ни помогнат подобро да се подготвиме. Ќе биде интересно до крајот на сезоната и со нетрпение ги очекувам трките.“

Откажувањето на Маркез значи и дека тој нема да има можност оваа сезона да настапи заедно во ист тим со неговиот брат, Алекс Маркез. Возачот со број 73 следната година ќе настапува за LCR.

Back To Top