Такааки Накагами има посебна тренинг програма со цел да ги намали грешките од минатата сезона.

После три сезони по ред искачување на табелата на возачи со постара машина на Honda, Такааки Накагами во сезоната 2021 ќе ја добие последната верзија на RCV.

Јапонскиот возач сега ќе ја има истата машина како и возачите на Repsol Honda, Марк Маркез и Пол Еспаргаро но и новиот тимски колега во LCR, Алекс Маркез.

Тоа значи и дека Накагами ќе ја прескокне машината која има спецификации за сезоната 2020 и директно ќе седне на верзијата за сезоната 2021.

„Нависитна сум возбуден што ќе го користам најновиот мотоцикл бидејќи во изминативе три сезони постојано користевме постара верзија. Понекогаш тоа е добро но понекогаш и лошо“, вели Накагами.

„Поголемиот дел од времето навистина е тешко да го покажете целиот потенцијал бидејќи перформансите на моторот се сосема различни. Најновите спецификации секогаш даваат поголема моќ и брзина.“

„Во MotoGP секогаш е тешко ако губите и една десетинка на правецот.“

Takaaki Nakagami LCR Honda txt 1 22 02

А со оглед на тоа дека се уште не се почнати официјалните тестови, единствената можност Накагами да ја види новата машина беше на приватниот тест во Херез кога со мотоциклот настапи тест возачот Стефан Бредл.

„Сите знаат дека HRC и Бредл имаа неколку дена тестирање во Херез, но јас не довив никакви информации. Видов неколку слики во медиумите во однос на тоа како изгледа новата шасија и задна вилушка. Изгледа добро и со нетрпение чекам да се качам на мотоциклот.“

„Секако дека пред тестот во Катар ќе треба да одлучиме со каков мотоцикл ќе настапиме но во моментов немам никаква информација.“

„Добро е што го гледам Стефан како тестира и се надевам дека на крајот HRC ќе ги одбере најдобрите делови.“

„Воопшто не сум загрижен за новиот мотоцикл бидејќи знам дека тој е подобар од претходната верзија. Се надевам дека и јас ќе бидам дел од развојот на моторот и дека е успеам да го направам уште подобар. Знам дека е компетитивен, но во споредба со машините на другите производитеи има делови каде е полош.“

Takaaki Nakagami LCR Honda main 22 02

Минатата сезона не можев да се справам со притисокот.

Иако новиот мотоцикл на Накагами е далеку подобар, и минатаат сезона тој имаше машина со која беше блиску до место на подиумот па дури и да победи на некоја трка. Но на крајот сето тоа се покажа како недоволно.

29 годишниот возач признава дека работи напорно со цел да не ги повтори истите грешки. Фабио Куартараро побара помош од психолог со цел да ги надмине проблемите а нешто слично прави и Накагами.

„Минатата сезона, од една страна беше добра за мене но за жал не можев секогаш да го контролирам притисокот. Бев премногу возбуден откако ја освоив пол позицијата во Арагон и направив непотребна грешка.“

„Тоа беше добро искуство. Секако дека жалам поради тоа што се случи бидејќи сите знаат дека можам да се борам за победа.“

„Признавам дека минатата сезона направив неколку грешки во клучни моменти. “

„Знам дека Фабио работи со психолог но јас не сум како него. Јас имам малку поинаква стратегија на тренинзите. Засега работите се одвиваат добро но секогаш е различно кога ќе се појавите на патеката.“

На прашањето што прави поинаку, Накагами одговара:  „Трениравме повеќе со велосипед, надвор и внатре. Тоа е навистина тешка вежба а бројот на отчукувања на срцето се движи помеѓу 180 и 185. Во тој момент се обидувам да не ја изгубам концентрацијата.“

„Вообичаено кога се случуваат вакви работи луѓето се обидуваат да се смират но ние се обидуваме тоа да биде постојано и конзистентно. “

„На тренинзите делува добро но како што кажав, поинаку е кога ќе се појавите на патеката.“

„Ќе видиме што ќе се случува во Катар. Знам дека тестот е биде тежок бидејќи имаме само 5 дена на располагање и ќе треба да извозиме многу кругови. “

„Оваа сезона не смееме да си дозволиме никакви грешки бидејќи нашата цел е да ја освоиме титулата“, додава Накагами. „Минатата сезона беше во ред да се направат неколку грешки но оваа година не можеме да си го дозволиме тоа.“

Takaaki Nakagami LCR Honda txt 2 22 02

Хибриден стил на возење

Иако Накагами направи голем напредок во однос на возењето, сепак возачот со број 30 признава дека го чека уште работа.

„Би можел да кажам дека е уште треба да работам на сопирањето, особено кога го менувам правецот на движење од еден во друг свиок. Јасно ми е дека не сум најбрз а и самите податоци покажуваат дека ме чека уште работа.“

„Но тоа е и добро бидејќи знам каде треба да се подобрам.  Треба да го искористиме тестот во Катар за да го подобриме мотоциклот но и да го подобрам мојот стил на возење.“

Иако Марк е познат по неговата агресивност, Накагами верува дека има моменти кога помага и неговит стил на возење.

„Стилот на Маркез изгледа навистина добар. Секоја година луѓето велат дека е тешко да се справите со тој мотоцикл но Маркез секогаш успева. “

„Минатата сезона и ја се обидов неколку пати да бидам агресивен и некогаш тоа се покажа како исправна одлука.  На некои делови бев многу подобар во споредба со Алекс или Кал. Затоа не мислам дека секој треба да има агресивен стил на возење.“

„Мислам дека во зависност од ситуацијата, така и јас треба да се прилагодувам. “

Мојата цел е да се борам за титулата

Иако најдобриот пласман досега му е четвртото место, лекциите кои ги научи минатата сезона како и новиот мотоцикл го тераат Накагами да верува дека е можно да се бори за титулата.

„Верувам дека можеме да бидеме конзистентни за да се бориме за врвот. Мораме барем неколку пати да се бориме за место на подиумот. Минатата сезона, Жоан Мир, беше конзистентен и токму затоа тој стана шампион.“

„Suzuki се добри а очекувам напредок и од Yamaha. Ќе биде тешко да се победат овие тимови. Многу возачи се добри и имаат брзи мотоцикли.“

Официјалниот тест во Катар кој е наменет за сите возачи ќе се оддржи на 6-ти март.

Back To Top