Италијанецот се надева дека ќе биде многу поконкурентен откако трките се префрлија во Европа.

Petronas Yamaha имаше тежок старт на сезоната 2021 откако Валентино Роси и Франко Морбидели поединечно освоија само по четири поени.

Изминативе две трки исто така беа и најлошите за Роси откако тој е дел од шампионатот. Одлуката дали ќе продолжи да вози и во иднина зависи од резултатите кој ќе ги постигне, а враќањето во Европа е можеби токму тоа што му треба на девет-кратниот шампион.

На трките кои се возеа во Катар, Роси најпрво заврши на дванаесетото место, а потоа ја освои и шестнаесетата позиција. Од друга страна, фабричките возачи Маверик Вињалес и Фабио Куартараро победија на трките возејќи со идентична, M1 машина.

Иако мотоциклите на Yamaha имаа проблеми на патеката во Португалија минатата година, освен Морбидели кој настапи со постара машина, Роси со нетрпение го чека предизвикот.

motogp valentino txt 13 04

„Патеката во Портимао е фантастична, таа е поинаква од останатите но истовремено е и многу тешка за возење“, вели Роси.

„Ви треба многу време за да ја научите и секоја пат кога возите тука можете да подобрите одреден сегмент.“

„За време на загревањето пред трката во Доха откривме некои нови сетинзи и поради тоа можев да имам подобро темпо. Но најголем проблем ни беше стартната позиција. Се надеваме дека сега ќе бидеме подобри и поконкурентни. Севкупно гледано, во Европа има повеќе патеки кои ми одговараат.“

Трката во Портимао е исто така можност за Yamaha да види и дали промените кои ги направија се реални.

Вињалес и Куартараро веќе напоменаа дека ќе почекаат шампионатот да се врати во Европа пред да дадат конечна одлука во однос на мотоциклот и дали тој е подобар во споредба со минатогодишната машина.

А со оглед на тоа дека минатата сезона Роси, Вињалес и Куартараро завршина надвор од листата на десет најдобри возачи на оваа патека, сигурни сме дека во недела ќе го имаме одговорот.

Back To Top