Иако МотоГП шампионатот сè уште не е започнат, падокот врие од новостите кои пристигнаа деновива.

Официјално, следната година во фабричкиот тим на Хонда на Марк Маркез друштво ќе му прави Пол Еспергаро. Алекс Маркез иако нема извозено ниту една трка за Хонда по се изгледа без разлика на резултатот кој ќе го постигне оваа година нема да биде во можност да вози заедно со својот брат. Тимот планира да го премести во LCR Honda тимот, а неизвесно е што ќе се случи со Кал Крачлоу. По договорот на Еспергаро со Хонда тимот на КТМ остана без возач за 2021 година па денеска беше објавено дека е ставен две годишен договор со Данило Петручи кој го загуби своето место во тимот на Дукати.

 DSC4252 copy copy

Во фабричкиот тим на Дукати местото на Петручи го превзема Џек Милер, а неизвесно е дали Андреа Довициозо ќе остане во тимот откако беше објавено дека тимот им понудил ревидиран договор од финансиски аспект за оваа сезона со оглед на тоа што половина од трките беа откажани. По последните случувања во кои Дорна го објави календарот во кој има потврдени 13 трки и уште 4 за кои се чека датум сепак возачите сфаќаат дека календарот ќе има 17 трки кои се само за 3 помалку од првично планираните 20 трки.

Останува да почекаме да видиме што ќе се случи со Довициозо, а истовремено ја чекаме и одлуката на Роси за 2021, во секој случај ќе има многу возбудувања и гридот следната сезона ќе изгледа многу по различно од она што го очекувавме.

Back To Top