Франко Морбидели ја постигна втората победа по ред на трката од Moto2 Светскиот Шампионат која се оддржа во Аргентина. Морбидели рано прејде во водство и поголем дел од трката имаше предност од речиси една секунда. Пред крајот на трката Маркез успеа да му се приближи но сепак беше залудно.

morbideli 2

„Притискав навистина силно но Алекс успеа да ми се приближи. Помислив дека ќе има интересна борба до крајот помеѓу нас. Но сепак, имав малку повеќе среќа и успеав да како прв да ја минам целната линија. Ова се два одлични резултати за мене и сум навистина среќен.“

Мигел Оливеира го наследи второто место што претставува деби место на подиумот за KTM Moto2 машината. Томас Лути заврши како трет.

Лоренцо Балдасари, Чави Виерге на Tech 3 машината и Симоне Корсе ги заокружија првите шест возачи, а дебитантите Пеко Бањаиа и Бред Биндер се најдоа на седмото и деветото место. Сандро Кортесе беше осми.

Поранешниот Moto3 шампион, Дени Кент, излета од патеката во шеснаесетиот круг.

classification 1

Back To Top