Се чини дека не се подобрува состојбата на актуелниот шампион Марк Маркез.

И покрај тоа што немаше проблеми за време на тестот во Сепанг, возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, признава дека се уште не е целосно заздравен по операцијата која ја имаше на рамото.

На патеката во Лосаил, актуелниот шампион почуствува поголема болка во рамото а голем проблем му претставуваше и тоа дека патеката во Катар има поголем број на десни свиоци. А тоа стана очигледно за време на вториот ден од тестовите. Маркез признава дека падот кој го имаше во свиокот број 8 настанал поради недостатокот од сила во рамото. Поради тоа, целиот терет го префрлил на нозете и тоа довело до несреќата.

 DSC4236 copy copy

„Несреќата настана кога ја сменив насоката“, вели Маркез. „Бидејќи се уште немам доволно сила во рамото, притиснав повеќе со нозете. Поради тоа загубив контрола над предниот дел и паднав од мотоциклот. Мислам дека имав голема среќа што не претрпев поголема повреда.“

По завршувањето на првиот ден од тестовите во Катар, возачот со број 93 призна дека болката во рамото, не е единствениот проблем кој го има на оваа патека.

„Вистина е дека на оваа патека имам повеќе проблеми отколку во Сепанг. Патеката во Малезија бара поинаков стил на возење. Тука има подолги свиоци и повеќето се на десна страна. Малку повеќе се мачам. Извозев одреден број на кругови но не сакав да пристискам уште од самииот почеток. Мораме да работиме понапорно бидејќи како и секоја година тука имаме проблеми. Во моментов, ние сме далеку од другите возачи. “

Back To Top