Марк Маркез признава дека не требал повторно да се качи на мотоциклот само неколку дена после тешката операција. Вели дека докторите требало да го убедат да не го прави тоа.

Марк Маркез признава дека одлуката да се врати на патеката само неколу дена после тешката операција била погрешна но напоменува дека во тој момент, лекарите требале да преземат одговорност и да го спречат да го направи тоа.

Обидот на Маркез да дојде до седмата титула заврши уште во првата трка кога имаше сериозен инцидент на патеката во Херез.

И покрај тоа што веднаш замина на операција на десната рака, каде му беше вметната метална плоча, Маркез се врати на патеката само неколку дена подоцна.Но некаде на средина на седната трка тој мораше да се повлече и до крајот на сезоната не се појави на патеките.

 DSC5380 copy

Сега Шпанецот признава дека прерано се вратил но се чини дека одговорноста ја префрла кон лекарите кои не се обиделе да го спречат во намерата.

„Оваа година ме научи многу работи. Прво,обидот да се вратам на патеката толку брзо после повредата беше погрешен. Плочката ми се скрши дома, додека се обидував да отворам врата. Но вистинската причина поради која се скрши плочата е поради целиот стрес кој го доживеав во Херез.“

„Погрешив што се обидов да се вратам на патеката. Јасно ми е дека возачите не гледаат причина за загиженост, но тука се лекарите за да реагираат. “

„После секоја операција, првото прашање кое го поставува возачот е кога можам да се вратам на патеката? Докторот е тој кој мора да те спречи во таа намера и тој мора да биде реален. На патеката во Херез бев убеден дека плочката ќе издржи бидејќи така ми кажаа.“

После неуспешниот обид да се врати на патеката во јули, Маркез мораше да замине на уште една операција. Неколку месеци подоцна одлучи дека оваа сезона нема да се врати на патеката.

Во моментов се наоѓа во болница на рехабилитација после третата операција за само пет месеци. Претходно тој доби и инфекција која спречуваше раната да зарасне правилно.

Back To Top