Надвор од трките во последните седум месеци, повредениот MotoGP шампион, Марк Маркез, признава дека згрешил што прерано се вратил на патеката.

Поранешниот шампион признава дека самиот тој е виновен за компликациите кои настанале по повредата на раката и поради што мораше да ја пропушти минатата сезона.

Возачот на Repsol Honda вели дека негова била желбата предвреме да се врати на патеката, само неколку дена после несреќата која ја имаше на патеката во Херез.

Иако обидот за враќање на патеката траеше само неколку дена, одлуката да вози имаше големо влијание врз обновата на повредата. Коската не успеа да заздрави откако му беше вметната втора метална плоча. Поради тоа, во декември мораше да замине на уште една операција. Тогаш беше откриено дека тој има инфекција која спречува правилно заздравување на коската.

„На крајот одлуката беше заедничка. Кога ја освојуваме титулата, сите се дел од тимот. Исто е и кога ќе направиме грешка“  вели Маркез во однос на проблемите со раката поради кои не настапи минатата сезона.

„Секако, последната одлука беше моја. Но јас и тимот добивме добри информации од докторите и секако дека сакавме да се обидеме. Знаете какви се возачите. Ако ви кажат дека можете да се обидете, тогаш сигурно ќе го направите тоа. “

 DSC3954 copy

28 годишниот возач, кој и претходно имал операции на рамото, вели: „Не сакам да ги обвинувам докторите. Донесовме многу одлуки и презедовме многу ризици во минатото. Понекогаш, ако работите се исполнат мислиме дека е чудо, нешто во што човекот нема никаква улога. “

„Ова за мене е едно поинакво искуство. Кога повторно ќе возам ќе ги преземам истите ризици. Но, истовремено научив и неколку работи. Едно од нив е дека не треба да се вратиш на патеката најбрзо што можеш. Направивме грешка во Херез и мораме да го прифатиме тоа.“

„Тоа беше последица на неколку работи. Но на крајот, последната одлука е моја. Јас чуствував дека можам да настапам. Но научив многу од таа ситуација. “

Иако се уште не е познато кога повторно ќе се врати на патеката, Маркез не ја отфрла опцијата да настапи на трката во Катар.

„Ова беше тешко и од физичка но и од ментална страна“, вели Маркез во однос на рехабилитацијата. Особено во периодот октомври-ноември кога не гледавме никаков напредок. Состојбата не беше полоша но немаше никакво подобрување. Чуствував како да се движи нешто внатре во мене.“

„Потоа имав неколку различни прегледи за да видиме што е проблемот. Но сите тестови и анализи беа добри. Но јас чуствував дека имам некаков проблем. Докторите ми велеа дека морам да почекам. Правев се како што ќе ми кажат но состојбата не се подобруваше. “

„Тие два месеци ми беа навистина тешки. Напорно ми беше и после третата операција но после тоа забележав дека има напредок.“

„Секогаш се обидувам да останам оптимист и да мислам на следниот тест или трка.“

Back To Top