MotoGP

Лоренцо: Утре мораме да пробаме нешто ново

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

Следете нè на:

 

Хорхе Лоренцо смета дека се потребни големи промени на неговиот Ducati GP17 за тој да биде компетитивен, откако на првиот слободен тренинг заврши на петото место со заостанување од 1.29 секунди зад Маверик Вињалес.

lorenco katar novaХорхе Лоренцо

Петкратниот светски шампион беше еден од возачите кои при крајот на сесијата настапија со мека задна гума. Тоа допринесе до значителен пад во брзината и му покажа дека таа не одговара на оваа патека.

„Се мачевме малку со ветрот. Условите не беа добри за тврда гума. Кога го ставивме мекиот пневматик, брзината малку се подобри но тоа траеше само неколку круга. Но во последните два круга брзината значително опадна. Утре мораме да пробаме нешто друго. Треба да ги промениме сетинзите.“

„Да видиме дали тоа ќе промени нешто бидејќи сега меката гума е премногу мека. Со тврдата гума пак не сме компетитивни и не сме константни.“

На прашањето какви проблеми имал при влегување во свиок, Лоренцо изјави: „Во моментов трансферот е премногу агресивен и не ја користам задната гума за да ја намалам брзината на мотоциклот. Мораме да имаме поголема самодоверба кога кочиме со задниот пневматик и особено при влегување во свиок.“

„Мораме да пробаме некои нови сетинзи и да го искористиме сопирањето. Очигледно е дека имаме предност на правец, таму сме најбрзи. Но за време на влугувањето во свиоците, особено при сопирање, не го користиме целиот потенцијал на мотоциклот.“

Лоренцо не заборави да каже нешто и за Вињалес, возачот кој го зазеде неговото место во Movistar Yamaha: „Денеска имаше ветар и патеката беше лизгава. Импресивно е тоа што Вињалес беше најбрз бидејќи патеката беше во полоша состојба отколку на тестот.“

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!