Хорхе Лоренцо потврди дека преговара со Yamaha и Aprilia да биде тест возач во сезоната 2021.

Хорхе Лоренцо ги потврди гласините дека преговара со Aprilia околу можноста да биде нивни тест возач во сезоната 2021. Сепак, поранешниот шампион вели дека тоа во моментов е план Б. Прва опција му е и понатаму да биде тест возач на Yamaha, фабричкиот тим со кој ја освои првата светска титула.

„Сакам да продолжам како тест возач и моја прва опција останува Yamaha“, вели Лоренцо. „Со нив имам победувано и се чуствувам навистина добро на мотоциклот. Сепак, постојат и други опции а тоа е Aprilia.“

Во изминатиот период се појави сомнеж околу можноста да продолжи соработката меѓу Лоренцо и Yamaha со оглед на малиот број на тестирања,употребата на машина која има спецификации за 2019 година како и слабиот резултат за време на неодамнешниот тест во Портимао.

Но Шпанецот призна дека настапот во Португалија, кој беше прв за него по тестот во Сепанг во февруари, бил изненадување.

„Реалноста е дека имам само два дена тестови во Сепанг а неодамна ден и половина настапив и во Портимао. “

„Во јуни, кога не правевеме ништо поради кризата со коронавирусот, Yamaha ме информираше дека нема да има други тестови и затоа не внимавав многу на физичката подготвеност.“

Lorenzo Yamaha txt 02 11 2020

„Но потоа ме информираа за тестот во Портимао и се обидов да се подготвам најбрзо што можам. Немав доволно време и затоа не бев најдобро подготвен. Освен тоа, се немав качено на MotoGP мотоцикл осум месеци.“

„Губите малку од вашиот ритам и рефлекси. За тоа да ви се врати ви треба одреден период, без разлика дали вашето име е Лоренцо, Роси или Маркез.“

„Ако на тоа се додаде и фактот дека патеката во Портимао е тешка и имате стар мотоцикл, тешко е да бидете компетитивен.“

Лоренцо вели дека најдобар пример за неговиот квалитет е разликата од само 1.3 секунди зад најдобриот MotoGP возач за време на тестот во Сепанг.

„Тоа го направив без да го употребам последниот сет на пневматици бидејќи почна да врне. Со меките гуми сигурно ќе имав подобар резултат.“

„Би сакал да продолжам, но доколку Yamaha одлучи да ја прекине соработката било голема штета за двете страни. Искрено, мислам дека ќе имаат голем проблем да најдат возач кој лесно може да се адаптира на нивниот стил.“

Од друга страна, возачот со број 99 признава дека гледа голем предизвик и кај Aprilia и можноста да му помогне на тимот да напредува на табелата. Лоренцо исто така би сакал да му помогне и на сонародникот Андреа Ианоне доколку тој и во идина настапува за Aprilia.

Актуелниот тест возач на тимот, Бредли Смит, го менува Ианоне. Многумина веќе сметаат дека Англичанецот во иднина нема да биде главен тест возач на тимот.

Доколку Лоренцо ја напушти Yamaha, постојат најави дека возачот на Ducati, Андреа Довициозо би можел да го презеде неговото место. Но исто така постојат гласини дека Италијанецот би можел да биде нов тест возач на Honda.

Back To Top