Андреа Довициозо потврди дека би сакал да се врати во шампионатот но не по секоја цена.

Како што вели Италијанецот, за тоа да се случи треба да има некој проект кој навистина вреди. Возачот кој победи на 15 трки во серијата, во моментов е надвор од MotoGP, откако се раздели со Ducati. Во меѓувреме, тој ја одби понудата на Aprilia да настапи за нив во сезоната 2021.

„Би сакал да се вратам но тоа нема да го направам по секоја цена“, вели Довициозо. „Заинтересиран сум само за одреден проект. Ако има можност да се вратам во 2021 или 2022 година, тоа би било одлично. Но нема да има никаков проблем и ако тоа не се случи.“

Како што вели Довициозо, во моментов единствено вреди проектот на Repsol Honda а тој би бил слободен и расположен за соработка доколку на тимот му треба замена за поранешниот шампион Марк Маркез.

 DSC5233 copy

Се чини дека замена за Маркез ќе биде тест возачот на тимот, Стефан Бредл. А неодамна и менаџерот на Довициозо изјави дека возачот со број 4 е подготвен да настапи на тестот во Катар со HRC и дека тоа би била одлична можност екипата да ги види неговите способности.

„Се зависи од тоа што ќе понудат“, изјави Довициозо на прашањето каков би бил неговиот одговор доколку добие повик од Honda. „Мора да има проект кој вреди и желба за заедничка соработка.“

„Во минатото добро ги завршував работите и ако и двете страни имаат желба за соработка би можеле да се договориме. Како што кажав, мојата цел не е само да бидем дел од MotoGP бидејќи тоа досега можев да го направам“, вели Довициозо.

Back To Top