Мотоцикли

Vespa станува електрична

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Следете нè на:

 

Опремен со лесна, Литиум-Јонска батерија, која дава континуирана моќност од 2kW и максимална моќност од 4kW, ова возило ви нуди многу подобри перформанси во споредба со стандардниот 50cc скутер. За целосно полнење на батеријата ќе ви бидат потребни четири часа, а тоа можете да го направите дома или пак на некоја надворешна станица за полнење. Батеријата може да се полни околу 1000 пати што во превод  ви обезбедува нешто помеѓу 50 и 70 000 километри.

vespa electrica eicma 1 2

Таа е дизајнирана за возење во урбана средина и тоа ќе биде единственото место каде ќе сакате да ја возите. Има два режими на возење, „Eco“ и „Power“. Втората верзија ја лимитира максималната брзина на само 30 километри на час и доколку не сте заглавени во некој сообраќаен метеж, нема да ви биде од голема корист. Веспата исто така го користи KERS системот за регенерирање на енергијата кога забавувате, нешто слично како и кај Формула 1 болидите.

Една од интересните работи кај оваа Веспа е можноста да го приклучите вашиот телефон во системот. 4.3 инчниот TFT екран му дава голем број на можности за интеракција на возачот. Ви кажува кога имате дојдовни повици, брзината со која возите како и уште колку има додека да се испразни батеријата. Клучот на мотоциклот исто така функционира и како далечински управувач во случај некогаш да заборавите каде сте се паркирале.

Но доколку растојанието кое можете со оваа Веспа да го поминете не ви е доволно, од компанијата ја нудат и Elettrica X, со која ќе можете да поминете 200 километри сето тоа благодарение на генераторот кој е додаден и кој работи на бензин. Поради помалата батерија, доколку одлучите да возите само на струја ќе можете да поминете 50 километри но кога се комбинира со генераторот го зголемува опсегот. Генераторот се вклучува само кога нивото на енергија на батеријата ќе помине одредена граница што значи дека доколку го возите низ град, повеќе ќе го користи електричниот мотор.

Elettrica ќе биде опремена со традиционалниот дизајн на Италијанската компанија и веднаш ќе препознаете дека станува збор за Vespa. Исто така ќе биде достапна и во 7 различни бои, а ќе има и голем број на додатоци.

Цените за новата Веспа ќе бидат објавени од Динамикс наскоро.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!