2021 BMW S1000R е полесен и пософистициран.

Тој е замена за стариот S1000R кој прв пат беше преставен во 2014 година. Неговата основа се базира на оригиналниот S1000RR superbike, иако четири цилиндричниот мотор претрпи намалување од 193bhp на 160bhp. Во 2017 година моќноста беше зголемена на 165bhp.

Но шест години подоцна, неговата ѕвезда почна да избледува а конкуренцијата стана се посилна. После преставувањето на новата 204bhp машина на BMW, S1000RR, воведувањето на нов R модел беше само прашање на време.

Мотоциклот конечно пристигна. Тој се базира на најновиот и најдобар RR. Сепак, има неколку промени. Неговиот мотор е за 5 килограми полесен со цел да се извлече максимумот а врвната моќност останува 165bhp при 11,000rpm. Бројот на вртежи изнесува 84.1lb-ft при 9250rpm. Промени има и кај менувачот.

a BMW S1000R 03

Шасијата се базира на последната RR верзија и е за 6.5 килограми полесна. Рамката е малку полесна а рачките се прилагодливи. Сопирачките и суспензијата доаѓаат директно од RR заедно со опцијата за полу активна суспензија. 2021 S1000R исто така има и импресивен 6.5 инчен TFT екран. Доколку го одберете пакетот М, тогаш добивате уште еден екран.

На мотоциклот можете и да ја прилагодите ергономијата.

Има неколку режими на возење: Rain, Road и Dynamic а плус како опција на располагање ви стои и Dynamic Pro режимот кој станува достапен доколку ја одберете Riding Modes Pro опцијата. Со последната опција достапни ви стануваат и моторното сопирање како и режимот „Power Wheelie“

Мотоциклот претрпе големи промени и во однос на изгледот и сега има впечатливи LED светла. Се очекува при крајот на пролетта два модели да се најдат во продавниците: основниот S1000R, чија препорачана цена од производителот изнесува 9.900 евра. Втората машина е S1000R Sport, кој има подобрена електроника и DDC и чија препорачана цена изнесува 11.500 евра.

BMW исто така ќе понуди и неколку додатоци, вклучувајќи го М пакетот, Карбон пакетот и „Milled Parts“ пакетот. На располагање имате многу опции за да го персонализирате вашиот мотоцикл.

BMW G310 02

BMW значително го подобри и G310R кој е во согласност со А2 лиценцата. Неговиот 34bhp, 313cc мотор добива подобра реакција на гаста.

Новото прилагодливо квачило како и кочниците сигурно ќе им се допаднат на новите возачи а мотоциклот претрпи промени и во однос на изгледот. Мотоциклот сега има нови LED предни светла. Тој исто така ќе биде достапен кон крајот на пролетта а неговата препорачана цена изнесува 4000 Евра.

Back To Top