Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Овој мотоцикл има голем boxer-twin мотор со течно ладење а рамката е направена од титаниумски шипки. Има многу минимлистички изглед а дизајниран е на таков начин за да дојде до израз моторот со зафатнина од 1800cc. Има и причина зошто е тоа така.

Една од нив е и да се најави новиот модел на BMW Motorrad, кој ќе го користи овој моќен мотор како основа за следниот крузер мотоцикл кој ќе се појави на пазарот во 2020 година. Можеби многумина не успеаа да го видат моделот, но тој е навистина важен.

Нема да погрешите доколку мислите дека ова ви звучи познато од некаде. Ова е ист случај и со Јуичи Јошизава и Јошиказу Уеда од Custom Works Zon кои направија верзија на  R18 кој пак дебитираше кон крајот на минатата година.

Revival Cycles BMW R1800 custom 01

„Revival Birdcage е одличен и во вистинско светло го преставува нашиот нов мотор“, изјави Тимо Рех, потпретседател за продажба и маркетинг во BMW Motorrad. „После „Departed “ ова е втор фасцинантен рачно креиран мотоцикл кој е изработен околу Big Boxer моторот на BMW.“

„Во првата половина од 2019 година исто така ќе го преставиме и развојниот концпт кој ќе го содржи овој мотор. Во 2020 година на пазарот ќе преставиме неколку крузери кои ќе го имаат Big Boxer како основа. “

Единствено нешто кое е поинтересно од начинот на кој го најавија овој модел е самиот мотоцикл. Машината има за цел да им се спротистави на Harley-Davidson и на уште неколку машини кои се дел од крузер класата. Од BMW се надеваат дека овој мотоцикл ќе им се допадне на сите оние кои сакаат крузери.

Една од причините е и да се земе дел од пазарот на Harley Davidson, компанијата која во моментов е лидер во овој сектор на пазарот.

Од друга страна, Американската компанија се обидува да се префрли на други сегменти а токму тука BMW и другите компании ја гледаат својата шанса.

Ако нешто можеме да научиме од историјата тоа е дека возачите на Harley-Davidson сакаат само еден вид на мотоцикл, Harley-Davidson. Па така, со среќа BMW.

Back To Top