Дали е ова новиот 2021 Aprilia RSV4 superbike? Барем голем дел од луѓето на интернет сметаат така откако оваа машина беше забележана на градските улици.

Мотоциклот е комбинација на старо и ново. Рамката и моторот се чини дека се истите како и кај актуелната генерација на Aprilia RSV4.

Сепак, можеме да видиме дека фабриката од Ноале користи „under-slung“ дизајн на задната вилушка, издувот е променет а промени има и кај целокупниот изглед на мотоциклот.

Предниот дел на машината е сличен со Aprilia RS 660 каде воздухот минува низ машината и помага при оддржување на температурата.

Она што недостасува се аеродинамичните додатоци. Ова не наведува да помислиме на неколку работи: дека можеби Aprilia ги крие овие додатоци во внатрешниот дел на машината, машината е дизајнирана без нив или пак компанијата има нов пристап при употребата на аеродинамиката.

New Aprilia RSV4 main 18 11

Од Aprilia RS 660 концептот кој дебитираше пред две години знаеме дека компанијата сериозно ја разгледува идејата на активна аеродинамика.

Иако би било изненадување ако уште една сезона не видиме никаква промена кај RSV4, доколку Aprilia дебитира со активниот аеродинамичен пакет на овој супербајк, тоа би било навистина голема вест.

Од друга страна пак можеби Италијанската компанија прави само минимални промени кај машината, нешто што веќе го имаме видено во изминатава декада. Но никогаш не можете докрај да бидете сигурен кога станува збор за RSV4.

Веројатно нема да чекаме уште долго додека да откриеме што се случува со Aprilia RSV4 за сезоната 2021.

Штом ќе дознаеме повеќе информации веднаш ќе ве информираме. Колку за споредба, еве фотографија од актуелната генерација на RSV4.

2019 Aprilia RSV4 1100 Factory 12

Back To Top