За една недела на мото шоуто EICMA, 2020 Aprilia RSV4 1100 Factory ќе ја покаже новата суспензија.

Според фотографиите кои ни пристигнаа, за една недела на мото шоуто EICMA, 2020 Aprilia RSV4 1100 Factory ќе ја покаже новата суспензија.

Информацијата ја потврдија и од компанијата а Aprilia RSV4 1100 Factory ќе добие електронска, полу активна, суспензија од Öhlins. Во моментов постојат сериозни најави дека новиот RSV4, на пазарот ќе се појави како комплетно нов модел за сезоната 2021 година.

Засега се уште не е познато како ќе изгледа мотоциклот, но би можело да видиме некаква најава на EICMA.

aprilia rsv4 1100

Можеме да очекуваме Aprilia да ги задржи името RSV4 како и V4 моторот а на пазарот да се појави значително полесна машина. Италијанската компанија веќе ја најавува активната аеродинамична програма наречена А3 и големи се шансите таа да биде во центарот на новиот супербајк.

Ќе биде интересно да се види што Италијанската компанија ќе појави на пазарот, особено сега откако главниот човек кој беше одговорен RSV4, Џиџи Дал'Игна, повеќе не е дел од фирмата.

Дали компанијата може да ги исполни очекувањата на публиката? Ако е така, како би изгледал новиот мотоцикл? Ќе мораме да почекаме уште малку за да ги дознаеме одговорите на овие прашања.

Back To Top