28
Сре, Јун
Домашни

Ви ги претставуваме кочниците „Ferodo“

Federal Mogul е глобален лидер во развојот и производството на мото производи за стандардните и оф роуд мотоцикли. Нивните производи обезбедуваат високи перформанси кои особено ги ценат најдобрите светски возачи.  

Следете нè на:

 

Federal Mogul е глобален лидер во развојот и производството на мото производи за стандардните и оф роуд мотоцикли. Нивните производи обезбедуваат високи перформанси кои особено ги ценат најдобрите светски возачи.  

ferodo kocnici

Историјат:

1987 – Во Северен Дербишир (Англија), Херберт Фрод ја изгради лабораторијата во која ги направи своите први експерименти. Најпрво започна да прави сопирачки за коњски кочии.

1901 – Фрод ги патентираше сопирачките.

1902 – Беа патентирани првите „brake linings“.

1904 – Неговите сопирачки беа одбрани да бидат дел од првите автобуси. Фрод на својот продукт му го дава името Ferodo кое е анаграм од неговото презиме.

1922 – Ferodo станува дел од производството на автомобили.

1926 – Ј.Г.Пери-Томас го руши рекордот за најголема брзина. Неговиот автомобил користи Ferodo сопирачки.

1930 – Претставен е Ferodo MZ кој за кратко време станува многу популарен во светот на трките, особено кај Alfa Romea.

1951 – Хуан Фанџо станува светски шампион во Формула 1. За време на своите настапи тој ги користеше производите на Ferodo.

1956 – Ferodo е првата компанија кај автомобилите која обезбедува диск сопирачки како стандарден дел.

1962 – Болиди кои користат Ferodo сопирачки победуваат на 8 од 9-те трки во Формула 1 шампионатот. Започнува доминацијата која ќе трае две декади.

1963 – Доналд Кембел го постигнува светскиот рекорд за најголема брзина. 403,1 милја на час. Неговиот Blubird – Proteus CN7 користи Ferodo сопирачки.

1964 – Ferodo победи на релито Монте Карло. Ferodo почнува со доминација во рели трките.

1969 – Отворена е најголемата фабрика за тестирање на сопирачки. Главен фокус е ставен на развојот на материјалите.

1971 – Ferodo доминира во сите тркачки спортови: Формула 1, 24 часа Ле Ман, 24 часа Дејтона, 12 часа Себринг.

1980 – Ferodo ги произведува првите Европски сопирачки кои немаат азбест. Ги воведува дисковите, течноста за сопирачки и хидрауликата на пазарот.

1990 – Ниту едни од сопирачки на Fedoro не користат тешки метали.

1997 – Прославува 100 години тркачка историја.

1998 – Во Мондови, Италија, формиран е Ferodo Racing

1999 – Во соработка со научници од истражувачкиот центар во Рагби, Велика Британија, Ferodo Racing го развива и го претставува DS3000. Набрзо стануваат едни од најдобрите штитници на пазарот.

2005 – Ferodo започнува да користи керамика во своите штитници. DS1.11 и DSUNO се користат во натпреварите со автомобили, а CP1 во трките со мотоцикли.

Денеска  – Останува главен избор во најважните мотоспорт шампионати ширум светот.

2005 1

Квалитет во производството

Сите делови се од домашно производство и бидејќи во нашата фабрика се произведуваат неколку продукти, сите потрошувачи имаа корист од високиот стандард на квалитет. Нашата фабрика ги има највисоките сертификати за квалитет (ISO/TS 16949  и ISO 14001)

Нашите сопирачки поминуваат низ 26 контроли за квалитет за време на производството.

 

Квалитетно тестирање во лабораторија, на улица и на тркачка патека

Нашите сопирачки поминуваат сериозни тестови со цел да се обезбеди безбедно, контролирано и конзистентно сопирање.

Кај сопирачките за мотоцикл, внимаваме секој производ да ги задоволи OE стандардите за квалитет.  Во однос на сопирачките кои ги користат тркачките мотоцикли, ние произведуваме само сопирачки кои обезбедуваат врвни перформанси.

ferodo homepage graphic

Од неодамна Скај Мото стана увозник на производите на Феродо за Македонија. За сите подетални информации посетете го продажниот салон на Скај Мото или обратете се на нивниот телефонски број 02 317 2462 или на 070/206-053

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!