25
Вто, Јул
Домашни

Мото собир: МК Носачи на Крстот

Мото клубот Носачи на Крстот од Велес по осми пат го организираат својот мото собир.

Следете нè на:

 

Мото клубот Носачи на Крстот од Велес по осми пат го организираат својот мото собир.

Оваа година собирот ќе се одржи во близината на Велес во Мотел Македонија.

На 20-ти мај (Сабота) собирот ќе се одржи според следната агенда:

12:00ч-Почеток-Пристигнување.
13:00ч-Натпревар во спретно возење.
18:00ч-ДЕФИЛЕ .
19:00ч-Натпревар во пиење пиво ,
-Доделување на наградите.
20:00ч-Почеток на мото забавата со THE BUG бенд
21:00ч-PARKETI
23:00ч-BACK DOOR бенд.
01:00ч-DJ SET до фајронт.

Велешани се познати како добри домаќини, локацијата е одлична, а и дефилето кое се вози низ градот е најголемо во цела Македонија. Поканата е отворена за сите моторџии и љубители на мотоциклизмот, па запишете го датумот, 20-ти мај во Велес.

comments

Би можело да ве интересира

Веспа само што претстави нова специјална верзија наречена Sei Giorni, или преведено, „Шест дена“. Оваа лимитирана верзија беше креирана со цел да се одадде почит на оригиналната „Six Days“ Веспа спорт која во 1951 година ја освои интернационалната „Six Days of Varese“ награда.

Извршниот директор на Ducati,  Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP.

Единечниот ECU ја отстрани најголемата разлика меѓу фабричките и сателитските тимови

Повеќето мотоциклисти сигурно нема да го препознаат името Раџив Бајај. Но како извршен директор на „Bajaj Auto“, Раџив е на чело на еден од најголемите мото брендови во светот.

Red Bull Honda потврди дека поранешната ѕвезда во Светскиот Супербајк шампионат, Давид Џулиано, ќе настапи за нивниот тим на дводневниот тест во Лаусицринг

Макпетрол во својот салон за Хонда во Скопје го изложи новиот Honda MSX125 2017

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!