Занимливости

Седум дестинации на кои треба да возите оваа година

Ако ви е преку глава од ладното и влажно време, сега е вистинскиот момент да почнете да размислувате за прекрасните авантури кои можете да ги имате со вашиот мотоцикл во текот на летото. Во овој текст ќе ви претставиме седум дестинации кои навистина вредат да се посетат.

Следете нè на:

 

Од висорамнините во Шкотска па се до замокот на грофот Дракула, постојат голем број на патишта на кои можете да уживате со својот мотоцикл.

Трансфаргарасан, Романија

Изградена помеѓу 1970 и 1974 година, овој пат е долг 90 километри и се протега помеѓу селата Басков и Сибиу. Првично планиран како пат за армијата во случај на инвазија од Советскиот сојуз, за време на изградбата на оваа делница животот го загубија четириесетина војници. Овој пат стекна светска слава благодарение на неговото вклучување во една емисија  од серијалот Top Gear во 2009 година. Патот е вообичаено затворен од октомври до јуни поради снег, а просечна брзина која се препорачува за возење е 40 км на час. Во близина на селото Арефу се наоѓа замокот Поенари, родното место на грофот Дракула.

transfargarasan

Шкотска

Шкотска ги нуди некои од најдобрите патишта за возење во Европа. Каде и да се свртите ќе видите прекрасна природа и неверојатни патишта. Истражувањето на патот А82 сигурно ќе ви изнуди насмевка, а навистина ќе вреди и доколку имате можност да возите по „North Coast 500“. Доколку сакате да го избегнете метежот, најдобар период за посета е почетокот на пролетта или пак доцната есен. Доколку сте со ограничен буџет, тогаш добра идеја е кампувањето.

scotland

Кардунг Ла Пас, Индија

Највисокиот пат по кој што можете да возите се наоѓа во Северна Индија. Заборавете на сето она што претходно го знаевте за ваквите патишта бидејќи Кардунг Ла Пас е нешто сосема поинаку. Мораме да ви напоменеме дека за време на поголемиот дел од патеката ќе возите по самиот раб. Патот не е за оние со послабо срце, но сепак погледот е прекрасен, а и сигурно на крајот ќе бидете задоволни од она што ќе го постигнете.

himalayas

Icefields Parkway, Канада

Дом на некои од најдобрите природни пејсажи на светот, западниот дел на Канада ви нуди неверојатна авантура. Icefields Parkway поминува низ националните паркови Банф и Џаспер. Парковите нудат прекрасна шума, прекрасни езера, а големи се шансите да наидете и на мечки.

canada

Мароко

Мароко се наоѓа во регион кој е истовремено е егзотичен и кој нуди неверојатна авантура. Самата земја нуди многу: најголемата пустина во светот, планини како и неверојатни пејсажи долж брегот на Атлантикот.

morocco

B500, Германија

65 километри од овој пат поминувате низ светски познатата „Black Forest“ во близина на Баден-Баден. B500 е прекрасно дизајниран пат исполнет со свиоци како на лево така и на десно. Најдобриот дел?  Можете да поминете цел ден возејќи по патот и потоа да се вратите дома и сето тоа ќе ве чини значително помалку од сите останати дестинации.

b500

Bol d'Or

Посетата на 24 часовната Bol d'Or трка која се оддржува на југот на Франција е како да патувате назад во времето. Овој пат е еден од најдобрите кои ќе ги најдете во цела Франција. Самата трка во суштина е една голема забава и најмалку од се ќе мислите на спиење. Доколку имате повеќе време, рутата Наполеон започнува на 130 километри источно од патеката и се протега 320 милји северно, се до градот Гренобл.

bol dor

Извор: MCN

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.