„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“
Cornering ABS е нешто најинтересно кај мотоциклите во моментов. Толку е важна индустријата за сопирачки што еден извршен директор на ваква компанија се обиде да ми ја објасни на следниов начин: Во однос на безбедноста, таа на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.
Не сум толку храбар да кажам дека е невозможно да се лизне предното тркало на мотоцикл опремен со IMU, но сепак е екстремно тешко, особено доколку ги користите сопирачките.
Воопшто не е изненадување тоа што голем број на брендови денеска ја нудат оваа технологија, вообичаено на своите премиум модели. КТМ беше првата компанија која го направи тоа преку соработката со Bosch, еден од лидерите во овој оддел.
Оттогаш, cornering ABS го има во речиси секој бренд (чудно, но ниту една Американска компанија не нуди мотоцикл опремен со оваа технологија во моменотов). Неколку компании се главни, а меѓу нив лидери се Bosch и Continental.
Концептот е прилично едноставен но самото извршување не. Клучот на целиот систем е IMU (Inertial measurement unit) кој постојано го мери забрзувањето на трите оски. Некои мотоцикли имаат сензори во шест оски и во тој случај се употребуваат сите параметри додека пак некои имаат пет и во тој случај се употребува комплексен алгоритам.
Комбинирани со сензорите за брзина како и параметрите на моторот кои доаѓаат од неговата контролна единица (ECU), cornering ABS компјутерот ги зема сите овие податоци и со голема прецизност знае што прави мотоциклот во секој момент и што прави возачот.
Тука на сцена стапува комплексната програма која гарантира дека и покрај тоа што возачот до крај ја притиснал сопираката, хидрауличниот систем не го надминува лимитот за тркалото да ја загуби тркцијата. Овој притисок секако е модулиран од страна на високо ефикасниот ABS модул.
Крајниот резултат е помалку чуден но многу ефективен. Возачот може докрај да ја притисне сопирачката додека е навален без притоа да стравува дали ќе падне или не. Една таква машина која е опремена со овој систем е и Ducati Panigale V4.
Мотоциклите во минатото не беа способни за вакво нешто но сега имаме супербајк мотоцикли кои со помош на оваа технологија можат да прават повеќе маневри на патеката. Исто како што контролата на тракцијата им овозможува на возачите да искористат максимум кога излегуваат од свиок, cornering ABS им овозможува на возачите да мамат додека влегуваат во некој свиок.
Ова е голема придобивка за обичните возачи, а сигурно во скоро време оваа технологија ќе биде стандарден дел кај сите мотоцикли.
На видеото кое можете да го видите подолу, KTM ја објаснува оваа технологија на еден прилично едноставен начин. Не обрнувајте внимание само на маркетингот бидејќи КТМ се обидува да земе заслуга за оваа технологија која речиси целосно е изработена од страна на Bosch.