Со едно тркало напред и 2 назад, овие мотори популарно наречени “трајкови”, порано беа честа појава. Што се смени?

Honda ATC 90 1

Раѓањето на ATV

Зошто некој би поставил повеќе од 2 тркала на мотоцикл? Нели е тоа основата која ги одвојува “двоколците” од автомобилите? Причината за додавање на уште едно тркало назад е секако подобрување на маневарските способности на лош терен со зголемување на контактот со подлогата. Ако на ова се додадат и меснати широки пневматици, се добива мини теренец или модерно кажано ATV, со кој може да се ужива во природата. Тука зборуваме за вообичаените трајкови со поставеност на едно тркало напред и 2 назад во форма на делта.

tricikl

До тука е јасно. Каде настанува проблемот? Ваквиот концепт привлекува многу млади возачи (читај: наискусни деца) кои вообичаено би имале проблем да возат класичен мотор со 2 тркала заради висината. Концептот на мотор со 3 тркала бара одредено искуство и поинаков пристап кон управувањето, особено возејќи низ свиоци. И нема никаков проблем ако се има предвид физиката при управување на трајк, и се почитуваат нејзините правила. Е тука настанува и проблемот. Своевремено овие мотори беа лесно достапни, лесно управливи при ниска брзина заради отсуството на стравот да се падне на страна, но при неприлагодени брзини не беа за секого. Секако доволно искусен и соодветно граден возач, прави чуда со овој мотор дури и при повисоки брзини и на нерамен терен, користејќи ја својата тежина како контра тег, навалувајќи се на внатрешната страна на свиокот. Но не можеме тоа да го очекуваме од дете, нели? Дополнителна опасност е тешкиот заден дел кој покрај масата на двете тркала ја носи и масата на диференцијалот и при преминување на поголеми нерамнини има тенденција да се преврти назад, или зависно од доскокот може да се преврти комплетно напред преку предното тркало. Сфативте до сега... Јасно е зошто веќе ги нема.. нели?

(Не)Славни претставници

Целиот тренд започна на почетокот на 70-тите и заврши во средина на 80-тите заради приголемиот број на повреди и смртни случаи поврзани со незгодниот концепт. Како креатор на класата се смета моделот на Honda ATC 90 (изведено од All-Terrain Cycle) како специјалист за снежни планински козји патеки и песочни плажи. Еден цилиндар со зафатнина од 90cm³ и 7КС го задвижуваше овој модел, додека за преносот се грижеше 4 степен полуавтоматски менувач. Квачилото е автоматско во случајот. 

Suzuki ALT50 ATC TRAIL BUDDY е уште еден примерок од она време кога прво се пушташе во продажба нештото, а според црната статистика, се прекинуваше со производство. Мора дека да не е паркиран покрај некој објект како репер за димензиите, би помислиле дека е играчка за деца. Опасна играчка и покрај анемичните 50 “кубика” и автоматскиот менувач? Веројатно не толку опасен како следниот претставник на класата. 

KLT200

Kawasaki KLT200 е со посериозна моќ, конечно електричен стартер, затворач на диференцијал, 5 степен менувач, кука за влечење и триста закачалки и држачи за оружје, трска за риболов, држач за лопата и држач за куфери. 

Yamaha Tri Moto YT125G е концепцискиот брат на погоре споменатите модели, и е првиот кункурент на Honda ATC 90 нудејќи покрај другото и двојни сопирачки за разлика од главниот конкурент како и нешто помоќен мотор.

Дали некогаш сте возиле или поседувале трајк?

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.