SonsOfThunderКлубот се формира во месец Октомври 2012 год. со седиште во Прилеп, Р.Македонија  од моторџии кој одделувајќи се од друг веќе постоечки МС клуб во кој членуваа како огранок, и кој воедно први го формираа како оснивачи и членови во истиот уште од 2008 год. кога започна да функционира како МК, а за потоа во 2010 да ги прифати есенцијалните вредности на традиционален МС клуб. Почитувајќи го бајкерскиот кодекс,  нема да образложуваме што и како, едноставно од наша страна како огранок  поради  непостоење на внатрешната комуникација испочитувајќи го морално-етичкиот кодекс на човечноста после долги дискусии решивме да ставиме крај на таа историја и започнеме нова страница во книгата на асфалтот. Свесно прифаќајќи ги сите позитивни и негативни појави поради нашата одлука, како моторџии со искуство и традиција се одлучивме да го формираме “SONS of  THUNDER MC”.Всушност се што ни се случува не е случајно, ни се случува за да уочиме што не е добро, а што е добро и да се определиме за тоа.

SONS OF THUNDER MC” – “СИНОВИ НА ГРОМОТ МС“ е формиран на темелните вредности на традиционален МС клуб, чија што насока е таа “old school” традиција ја помеша со моторџискиот  животен стил на 21 век.  Интересот на“S.O.T. MC” е кон својата политика на братството. Го продолжуваме нашиот зацртан пат од претходно, и нашите цели и задачи во заедницата во која живееме. “S.O.T. MC” се наша фамилија, браќа кои низ претходните години на дружење се проверени и во радост и во тешкотии. Ние сме братство на луѓе кои имаат иста филозофија, кои живеат со истите принципи и исти кодекси на морал и етика. Такви сме какви што сме, и секогаш ќе сме такви и не сме како и сите. Не се мешаме во за нас непознати области, не се занимаваме со туѓи работи, живееме свој за нас драгоцен живот и не сакаме да ги пуштиме во него оние во кои не го гледаме братот или пријателот. Тоа е нашиот живот. Исправен или не – тој е наш. За тоа нека ни суди Оној кој треба да ни суди. Свесни на тоа дека врз нас можеби ќе се лепат разни етикети и ознаки, но без обзир на сето тоа ние не ги поддржуваме и не не засегаат таквиите ситни души. Отворени сме за комуникација и дружење со други луѓе, моторџии и клубови и никогаш кај луѓето нема да го гледаме нивниот финансиски или социјален статус. Пред се нам ни е битен  човекот и нашата духовна сличност. “S.O.T. MC” себе си се наоѓаат како браќа и пријатели, а луѓе кои имаат исти гледишта, сами ќе не пронајдат. Во стварност се е многу едноставно. Квалитет над квантитет на членство. Оние кои треба да ни пристапат ќе ни пристапат и покрај многуте препреки кои на нашиот пат се поставуваат како демони. За оние кои сакаат да ни пристапат од материјална корист е безмислено, затоа што ја нема кај нас. Единствено имаме совест и должност спрема своето братство, према нашиот клуб. Нашиот профит од сето ова – тоа е нашиот начин на живот. Среќни сме што ете судбината не спои по наше мислење добрите луѓе, и ни го исправи патот на оној вистинскиот, од минатиот.  “S.O.T. MC” никогаш и никому нема да му го наметнуваат својот начин на живот, своите цели и вредности. Самите ние сме секако различни. Се разликуваме по возраст, материјален и социјален статус, физичкиот изглед, професија, но сме“SONS OF THUNDER MC”.

Почит и поддршка кон сите кои не поддржуваат и почитуваат, а со останатите според нивното однесување. Да не дојде до забуна да објасниме – нашата личност е кои сме, а нашето однесување зависи од тоа кој како се однесува.

 

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.