Клубот е формиран и постои веќе три години, а идејата за него доаѓа со самата традиција на градот Велес, кој е познат години наназад по имињата на денес веќе познати возачи во мото спортот.
Клубот официјално брои околу 15 -тина членови, а интересот за него е се поголем од младите во овој град. Веќе извесно време сме во преговори за одржување на еден мото собир на кој и официјално ќе се представиме пред останатите мото клубови но, за тоа навреме ќе бидете известени.
Мотори кои моментално ги имаат членовите на клубот се: Suzuki Hayabusa, Yamaha
R1, Kawasaki ZX-10R, Suzuki GSX R, и други.Редовно ги посетуваме скоро сите собири и трки во Македонија и надвор од неа, а од неодамна и учествувавме на трките во Вршац и Кичево.Таму не представуваше Караколев Ѓоре кој после подолга пауза повторно се појавува на тркачите патеки во класата од 1000cm3.
Во прилог на оваа кратка биографија за мото клуб "Speedy east" Велес ви испраќаме некои наши фотографии и можноста за отворена соработка со сите.
Поздрав Председател
Мото клуб "Speedy east" Велес Караколев Александар
Би можело да ве интересира
Со воведување на CE 04, електричниот макси скутер, на почетокот на оваа година BMW јасно стави до знаење дека во блиска идиниа може да очекуваме многу повеќе од германците во овој сегмент.
Почитувани љубители на мотоциклистичката култура,
Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија - Скопје.
Трките беа далеку од досадни и неинтересни во трите класи, во кои жештината и конфигурација на патеката, прописно ги истоштија натреварувачите.
Кој каде ќе оди во следната сезона на MotoGP, и зошто.
Иако викендов во Мизано ја видовме првата победа на актуелниот шампион, сепак титулата е далеку од одбранета.
Од оваа недела CFMoto станува достапен на три нови локации во државата.