AMK “Вардар” е формиран 1978 година во Скопје. Брои околу 70 члена, од кои има и странски членови од Косово и Ирска.Прв претседател на МК е Вања Битуљану, а од септември 1979 година е Васил Николовски кој ќе биде на оваа позиција до 2010 година.
Меѓурепублички шампиони од овој МК се: З.Наумовски- Кизо во 1981 година, В.Николовски во 1983 година и В. Стевановски 1984 и 1989 година.
FIM први учесници 1981 година се: Јован Бојчевиќ, Миле Јовановски – Курбла и Драган Џане.
Васил Николовски има учествувано на 20 FIM-a од кои прво учество му е во Холандија 1971 година, а Орце на 5 FIM-а од кои прво учество му е во Романија 1976 година.
МК Вардар е најуспешен МК во Македонија во “Мото Крос” и има успешни резултати во поранешна СФРЈ.
Резултати на учесниците на мото кросот во шампионатот на Југославија во периодот од 1980 до 1990 година:
- 1983 год. во класа 250cc Николовски Васил на 24 место и Наумовски Зоран на 38 место
- 1984 год. во класа 250cc Стефановски Вилсон на 12 место, Аредини Исмет на 32 место и Граховски Никола на 35 место
- 1986 год. во класа 250cc Николовски Василиј на 18 место ( 2 место и 3 место - Горњи Милановац ), Стефановски Вилсон 27 место и Х. Ботју 31 место
- 1987 год. во класа 250cc Стефановски Вилсон 20 место, Х. Ботју 38 место, Велковски Ромео 41 место и Саздов Миле 44 место
- 1988 год во класа 250cc Стефановски Вилсон 16 место
Резултати на учесниците на мото трките во шампионатот на Југославија во периодот од 1980 до 1990 година:
- 1980 год. во класа 50cc ( национална ) Вешовски Виктор 7 место ( 2 место – награда на Краљево )
- 1989 год. во класа 50cc Огненовски Сашо на 19 место, Иметовски Сабахудин на 21 место и во класа 175cc Ивановски Боби на 14 место
Исто така треба да се спомене и Гоце Томовски кој во класата 125cc во 1997 год беше Балкански вице шампион.
Стази за мото крос трки кои се натравени во Македонија:
- Водно 1978 год.
- Александар Палас 1979 год.
- Зајчев Рид 1980 – 1985 год.
- Ракотинци 1986 – 1993 год.
- Орман 1994 до денес
Во Орман првата трка е одржана на 16.10.1994 год. Таму 2001 год. е изграден и нов објект.
МК Вардар за 2008 год организира 2 мото трки во Орман. Исто така се планираат и мото собири, а следат подготовки и за учество на FIM во Грција.