Идејата за формирање и делување на велешки Мото клуб долго време постоеше, но не беше реализирана. Првичната замисла беше да се формира Мото клуб кој на најдобар начин би ја негувал, преставувал, координирал и мотивирал Мото културата присутна во Велес, но и пошороко.
На 01. 11. 2008 година со само 8 (осум) члена започна егзистирањето на Мото клубот CROSS BEARERS (носачи на крстот). Денес клубот брои 18 (осумнаесет) члена.
Зошто Cross Bearers?
Позадина на секој термин или име е некоја интересна приказна. Истото важи и за нас! Подолго време на мото јавноста и бевме познати како Велешка екипа. Но тоа не ни беше доволно... потребно беше репрезентативно име на клубот! Приказната за нашето име говори дека ако градот Велес се набљудува од птичја перспектива и ако се земат во предвид од една страна манастирите Св. Јован Ветерски и Св.Dimitrija , а од друга страна црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас, формираат правилен крст над Градот. Па оттаму, само на англиски јазик преведено добивме CROSS BEARERS или носачи на крстот.
Членовите на Мото клубот освен што се активни на скоро сите мото собири, Рели возења низ Македонија и пошироко, МК Cross Bearers во македонската јавност станаа препознатливи и по учествата во организацијата на неколку значајни хуманитарни акции.
На 01. 11. 2009 година клубот беше дел од хуманитарната акција "Денови на солидарноста на мотоциклистите" генерално организирана од MCC Guardian Angels. Членовите на клубот, а воедно и Велешани покажаа дека се екстремно хумани луѓе и дека Велес е и ќе остане град на крводарителите. Паралелно течеше и акцијата за помош на сиромашните дечиња, при што се собра голема количина на веќе користена облека.
Во моментов при крај се подготовките за престојната Мото забава која се организира под покровителство на град Велес. Забавата ќе се одржи на езерото Младост на 08-ми мај со почеток од 20 часот со богата забавна програма и нејзина единствена цел е преставување на градот и езерото во нивно најубаво светло како и акцентирање на значењето на учеството на моторџиите во секојдневниот сообраќај.
Во соработка со MCC Guardian Angels и српската мото асоцијација BJBikers во подготовка е едукативна презентација за безбедно возење, обука и проширување на знаењето за моторот, како и запознавање на јавноста со мото културата преку нивните матични активности.
Со кликнување на следниот линк може да проследите дел од нашите патувања и активности:
http://picasaweb.google.com/mkcrossbearers
контакт: e-mail: