Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

„Sandro Mentasti Industria Gomma“ беше основана од страна на господинот Сандро Ментасти кој започна со производство на внатрешни гуми за автомобили и мотоцикли во подрумот на својата куќа веднаш по завршувањето на втората светска војна. Во периодот после војната, се зголеми бројот на моторни возила на патиштата и поради тоа се појави поголема потреба од внатрешни гуми.

ariete grips small

Производството нагло се зголеми и компанијата се пресели на ново, поголемо место. Тука, за производството на внатрешни гуми се користеа модерни машини.

Овие денови, „Сандро Ментасти“ е застапен во голем број на сектори, но специјализиран е за пазарот на мотоцикли. Нудат илјадници производи кои се направени со помош на повеќе од 6000 модули кои се собирани во текот на годините. Компанијата се уште е во семејна сопственост и сега со неа раководи третата генерација на семејството.

Ова обезбедува квалитет на производите, карактеристика која отсекогаш била од особена важност за компанијата. Користејќи го нивниот најдобар адут, вработените, компанијата продолжува да го развива дизајнот и квалитетот на своите производи користејќи ја притоа најновата технологија и досегашното искуство. Желбата да ја зачуваат природата за идните генерации е имплементирана во програмата за заштита на животната средина.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите. Резервните делови за мотоциклите можете да ги најдете во каталозите кои се специјално изработени за таа намена.

Од неодамна Скај Мото стана увозник на производите Ariete за Македонија. За сите подетални информации посетете го продажниот салон на Скај Мото или обратете се на нивните телефонски броеви 02 317 2462 и 070/206-053.

Back To Top