Чуден беше викендот во Јапонија во кој, во кралската класа, главни беа аутсајдерите кои не се борат за титулата.

43 jack millerdsc09985.gallery full top lg

Променливото време секако кумуваше за необичниот поредок на стартот, што само покажува колку работа одработуваат инеженерите и електроничарите кои мораат да ги обработат информациите кои им се носат од терен за возач да има можност да извози една совршена трка. 

MotoGP 

Ако беше изненадување пол позицијата на Marc Marquez, негова прва по 2019-тата година кога ја оствари последната пол позиција токму на истата оваа патега во Мотеги, тогаш уште поголемо изненадување е неговата борба за четвртата позиција и тоа во финишот на трката. И иако ова звучи оптимистички, ако знаеме дека неговата Honda имаше проблеми со мапирањето на почетокот, што резултираше со навидум резервирано возење, што наиде на одобрување кај гледачите во стилот ”добро е се опаметил”! Ниту се опаметил, ниту ќе го видиме Шпанецот во скоро време како калкулира со неговата физичка состојба или условите на патеката. Нема да вучиме воопшто пристрасно ако кажеме дека веројатно не сме виделе се уште се од 8 кратниот шампион. А богами сме се нагледале се и сешто. Она што го изјави по трката, секако низ нескриената насмевка, е дека за прв пат по сите операции, не чувствува болка во текот, но и при крајот, на една трка! Значи замор и недостаток на енергија да, што е и разбирливо, но болка не. Со таа болка мораше да вози во изминатите 2 години на ниски позиции, да се бори со моторот кој убедливо води во листата на падови заедно со остантите 3-4 возачи на Honda, дури и да победува и т.н.

Значи ако го средат моторот ќе биде пак по старо и ќе гледаме доминација на Шпанецот?

Не баш. Како што вели и самиот, аеродинамиката си го направи своето и веќе не се можни изразените доцни сопирања и претекнувања кога најмалце се очекува. Едноставно турбуленциите кои ги прави моторот пред вас, оставаат еден воздушен простор со така наречен “валкан воздух” кој има непредвидливи струења кои ве исфрлаат од баланс. Тоа го гледавме особено во оваа сезона во која паѓаа возачи кои вообичаено не паѓале претходно, како на премиер Joan Mir или дури и Maverick VInales.

ОК, тоа е проблем за целиот грид и веруваме дека и Шпанецот ќе најде нов начин за да се справи со ова.

А како котираа останатите?

Jack Miller кој водеше од почеток до крај конечно покажа ментална стабилност и волја да победи. Брзина никогаш и не му недостигала. На крајот и не беше вообичаено еуфоричен. Повеќе делуваше спокоен и изјави дека коцките му се поредиле со следната домашна трка и свадбата со неговата избраничка. Ако можеме да видиме повеќе од ваквиот Jack би биле задоволни затоа што конечно тој е една харизматична личност и малку old school типче кој секогаш знае како да ја анимира публиката.

Зад него скоро цела трка ја мина Jorge Martin за уште еден добар резултат по серијата лоши резултати, особено по објавата на фабричкиот тим дека нема да го земе него туку Bastianini во својот фабрички Lenovo тим. Не можеше да го стигне, но и не можеше да ја задржи втората позиција по налетите на еден од возачите на KTM, но се искачи на подиумот како трет. Така се вози зрело.

Мало изненадување е втората позиција на Brad Binder, но јужноафриканецот возеше одлично цел викенд и успеа да дојде до потребниот подиум. За кратко ја изгуби третото место од неговиот тимски колега Oliveira, но на крајот сепак успеа да ја поврати позицијата и да направи доволно голема разлика. Oliveira на крајот заврши зад Marc, што е сепак одличен резултат ако ја земеме оваа сезона предвид. Оваа патека како за Honda беше добра и за KTM со тоа што ги замаскира недостатоците на двата мотоцикла.

До сега не споменавме никој од лидерите во генералниот пласман? Сега уште малку де.

Luca Marini со освоеното шесто место, продолжува тивко да се наметнува како сериозен возач со неговите неспекакуларни, но стабилни резултати и полека почнува да му бега бодовно на неговиот помалку искусен, но брз колега Bezzecchi.

Maverick Vinales беше среќен што заврши како седми, што беше пониско од очекувањата, но сепак по оној лош викенд во Арагон и ова е успех и знак дека нема да се заглави во “дупка”, честа слика од минатото.

Еве го и првиот во генералниот пласман.

На осмото место заврши Fabio Quartararo, што не е некоја причина за шампањ, но ако се земе предвид фактот што 3 мотори на Ducati завршија пред него, но ниту еден со некој од неговите главни конкуренти за освојување на титула, тогаш може да се радува “одраниот” актуелен шампион.

Веројанто повредата не го чинеше многу, но сигурно е нелагодно да се вози 24 круга со таква подеротина. За малку ќе му беше доведена во опасност и таа позиција и тоа од страна на главниот конкурент Pecco Baganaia, но Италијанот по којзнае кој пат покажа слабост и ја загуби деветтата позиција која ја држеше до моментот.

И за својата глупост по падот иронично си аплаудираше што само покажува колку е свесен што направи. Штета за него и за првенството кое е секогаш поинтересно со мали разлики во генералниот поредок. Очајот на шефот Tardozzi беше повеќе од доволен за да се почусвтвува атмосферата во боксот на тимот кој веќе на минатата трка ја освои конструкторската титула. Додуша очајот беше постојан затоа што идните тимски колеги се кошкаа низ цела трка за 9-тото место, наместо да се таму напред, и ако е можно што подалеку еден од друг. Навистина уште од сега можеме да ја насетиме цела следна сезона во која ќе треба да ја делат гаражата овие двајца. Можеби ќе биде слично на времето во кое Lorenzo и Rossi водеа војна на и вон патеката. Супер! :D

Пред трката Pecco изјави дека не сака тимски наредби, на задоволство на публуката, и се надеваме дека до крај ќе остане така. Нека победи најдобриот.

А каде е третиот во оваа приказна? Aleix се придружи на очајот кој го доживеа Bagnaia, но од сосема други причини. По стартот на загревачкиот круг, Шпанецот сфати дека моторот му е сетиран за излез на старт, но не е исклучен економи мод кој го лимитира потенцијалот на моторот и не му дозволува брзина над 100km/h! Затоа се фаќаше за кацигата во неверување. Ништо. Назад во бокс по вториот мотор кој патем беше обуен во мека задна гума…

Тоа значи старт далеку зад последниот и гума која не може да издржи високо темпо во тек на цела трка. Заврши на 16-тата позиција, таман за да не освои ниту еден бод. Очајно.

Сепак тимот е единствен и веднаш си ја призна грешката, а и Шпанецот веќе направи еден тежок кикс, па нема право да се лути никому. Дури и самиот кажа дека мора да собере сила за да го охрабри тимот за трките што следат.

Среќа во несреќа е и релативно слабиот пласман на Французинот, но Espargaro вика дека токму тоа го разочарало најмногу. Во викендот во кој беше објективно побрз од двајцата главни конкуренти, немаше шанса да се докаже и поентира. Штета!

Moto2

Конечно по 16 години кога Hiroshi Aoyama славеше во 2006-тата година, повторно Јапонец победи на домашна трка. Ai Ogura кој е вообичаено водржан дури и кога победува сега не можеше да ја сокрие насмевката и покажа колку му значи оваа победа. Не само дека беше домашна победа, туку и фактот што со тоа ја одржа борбата за титула.

Заврши токму пред галвниот конкурент и лидер во генралниот пласман Augusto Fernadez кој повторно извозе фантастично, но не можеше да го стигне мотивираниот Јапонец. Секако им помогнаа и падовите на, до тогаш водечките, Aron Canet кој без причина ја изгуби контролата над моторот и веројатно ќе продолжи да ја носи лептир машната (вети дека ќе ја носи се додека не победи) уште долго време, и второ пласираниот Fermin Aldeguer кој беше очаен по падот и не можеше да престане да липа. 17-годишниот возач на Speed Up е очигледно голем талент, но некој треба да поработи со него за да не остане трага од овие падови кои му се случуваат често кога се бори за висок пласман.

Неговиот партнер Alonso Lopez ја освои третата позиција за уште еден подиум на шасијата Boscoscuro во морето на Kalex мотоцикли. Vietti станува се непрепознатлив и како и Canet, некако се прости од можноста да ја освои титулата со уште еден пад.

Moto3

Слично на минатата трка во Арагон, победа за Guevara, и зголемување на бодовната предност (+45) пред тимскиот колега и директен конкурент Garcia, кој како и лани губи здив при крајот на сезоната. И Италијанот Foggia кој беше во конкуренција за титула до претоследната трка минатата сезона полека се оддалечува од титулата иако заврши како втор и сега заостанува 63 бода. Трет заврши домашниот возач Ayumu Sasaki кој сепак не можеше да им парира на останатите за победа.

Прдолжуваме со високото темпо и веќе за некој ден почнува трката за Големата Награда на Тајланд!

Back To Top