Мото клубот Џинка од Радовиш од 29-ти до 31-ви јули го организира својот мото собир.
Момците од клубот се познати како одлични домаќини, самата природа си го прави своето па нивниот мото собир е место на кое секоја година доаѓаат вистинските уживатели на мото собирите.
Во петок ќе настапуваат Blue Sky, а во сабота Troya и Live Wire. Вкусната скара и пивото по пристапни цени како и секоја година до сега ќе биде само мотив повеќе да присуствувате на нивниот собир.
За оние кои прв пат одат на собирот се што треба да направите кога ќе влезете во Радовиш е да ги следите знаците кон хотелот Бел Камен на Плачковица.
За галерија од минатогодишниот собир кликнете овде.