10-ти мото собир на Cross Bearers MK

Ве покануваме на десеттиот по ред мото собир на мото клубот "Носачи на крстот". Она што пред 10 години започна како "Moto Beach Party", прерасна во голема мото забава, а овој мал јубилеј ќе го прославиме на нова локација на малце поинаков начин. Оваа година на 01.06.2019 (сабота), мото љубителите стануваат едно со природата. На 17км од Велес и градската гужва во извидничкиот дом во село Голозинци ќе се оддржи Мото Кампинг Забава. За вашето добро расположение имаме обезбедено одличен бенд, храна, добро пиво, кампинг простор и ниту едно кампување не е комплетно без логорски оган. Доколку спиењето во шатор е надвор од вашата комфорт зона, јавете се на време на 071/771919 за да си обезбедите легло во домот (цена 100 ден.) Собирот ќе започне од Велес каде што ќе се собереме од 14-16h на улицата пред кафичите кај Гимназијата. Ве очекуваме на незаборавно Мото Кампување со одлична забава за добра нок и чорба за добро утро.

За полесно да стигнете до локацијата кликнете на линкот подолу :

https://goo.gl/maps/x4dAD9oMzPinbea17

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.