- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
По повод Велигденските празници, Динамикс прави распродажба на моделите на Vespa кои ги има на лагер.
По повод Велигденските празници, Динамикс прави распродажба на моделите на Vespa кои ги има на лагер.
Фирмата Интерлуб од Скопје е официјален увозник системи за кочење од програмата на светски познатиот производител Брембо.
Мотоциклизмот ги сплоти Македонците и Грците. Околу 1.000 учесници од двете земји беа дел од првиот заеднички проект наречен „Прекугранични тркала“. И двете страни се задоволни што заеднички, преку овој проект, постигнале многу повеќе од политичарите.
Прва изложба во Македонија на тема поврзана со моторите. Изложбата ќе биде отворена од 22 до 24 март во Дом на АРМ во Скопје.
Мотори.ком.мк во соработка со станицата за технички преглед и регистрација на возила „Power Sport System“ започнува кампања за едукација на возачите на автомобили. Кампањата е дел од проектот „Грешката чини живот“, а целта е на возачите на автомобили да им се укаже на постоењето на мотоциклисти на патот, чии права и обврски во сообраќајот се исти како и на другите учесници.
За таа цел, во станиците на PSS за почеток ќе бидат испечатени флаери кои ќе бидат дистрибуирани на сите возачи на автомобили.
За да ја помогнете акцијата наша препорака е регистрацијата на вашите мотори, вадењето на осигурување или зелен картон да го правите во станиците за технички преглед и регистрација на PSS. Се што треба да сторите е да ја испечатите сликата кој е во прилог и да ја доставите при посетата во PSS, за процент од средствата да биде одвоен за кампањата.
Кликнете овде за да ја превземете сликата која треба да ја отпечатите и да ја понесете со себе во ПСС.
Сликата можете да ја добиете отпечатена и во нашата канцеларија која се наоѓа на ул. Борка Талески 49 (до кафулето Конак) и на шалтерите на сите станици за технички преглед на ПСС.
Во „PSS“ можете да извршите технички преглед и регистрација на вашиот мотор, да извадите обично осигурување како и каско осигурување, да извадите зелен картон, а од неодамна во склоп на „Power Sport System“ работи и автошкола во која можете да полагате за А категорија. За повеќе информации посетете го веб сајтот www.pss.com.mk
Задолжителните трошоци да ги искористиме паметно, да спасиме живот!
Увозникот на Кимко за Македонија, Нов Модел од Куманово, во својот салон ги изложи новите модели Kymco Super8 50 и DJ 50S.
Oд ноќеска на полноќ ќе паднат цените на горивата, така што бензинот ќе биде поевтин за два денари.
Во мото светот нема поделеност на мажи и жени, сите нас не сплотува љубовта кон двете тркала, а кон моторџиките се постапува со посебна почит..
Увозникот на Хонда за Македонија, Макпетрол, во својот салон ги изложи новите модели на Honda скутерите SH125 и PCX125.
Увозникот на Јамаха за Македонија, Мото Азуро, со цел да им излезе во пресрет на потенцијалните купувачи овозможи купување на мотоцикл преку лизинг.
Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на булеварот Рузвелтова во Скопје при која мотоциклист удри во Југо кое вртело непрописно, преку две полни линии.
Регулаторната комисија за енергетика може да се пофали со нова веб страница и нови, повисоки цени на горивата. Бензинот и дизелот поскапеа по еден денар.