Yamaha го прошири бројот на мотоцикли кои може да се прилагодат со помош на апликацијата „Моја Гаража.“ Новите членови се R1 и MT сериите. Ова докажува дека фабриката дозна дека ваквите аппликации може да играат важна улога во иднината на индустријата.

Виртуелните светови стануваат особено важен дел од целокупното мото искуство, а најновиот тренд е претставен преку апликации кои импомагаат на потрошувачите да одлучат кој мотоцикл сакаат да го купат. Некои од овие апликации, како на пример „Моја Гаража“, му даваат можност на купувачот одблизу да го разгледа мотоциклот.

Yamaha App

Оваа апликација му овозможува на потрошувачот да си одбере од целата палета на оригинални Yamaha делови. На тој начин, тие ќе може да видат како ќе изгледа нивниот мотоцикл со разни додатоци.

Апликациите „Моја Гаража Суперспорт„ и „Моја Гаража МТ“  го нудат истото ниво на детали за да можете да уживате во 3Д.  Преку нив можете да ја сочувате сликата од вашиот мотоцикл па дури и да ги нарачате преку интернет.

Луѓето кои ја користат оваа апликација може да ги сочуваат мотоциклите што ќе ги направат во нивната виртуелна гаража за да ги прилагодат подоцна доколку имаат потреба од тоа. Бидејќи 3Д делот е една од најсилните страни на оваа апликација, идните купувачи може да направат колку сакаат фотографии.

Со ова ќе можете многу лесно да ги покажете вашите слики преку социјалните мрежи, а кога ќе се решите да го купите мотоциклот, се што треба да направите е да ја пратите сликата до овластениот дилер на Yamaha мотоцикли, за Македонија тоа е Мото Азуро. Тие ќе се погрижат да го добиете моделот што вие виртуелно го изградивте.

Оваа апликација можат да ја користат IOS и Android уредите. Подолу можете да ги најдете линковите за да ја преземете апликацијата.

iOS App on iTunes 
Android App on Play Store 

Back To Top