Винаријата „Le Due Quercie“ произведе специјална и ограничена колеција на вино „Sic58“ во чест на починатиот Марко Симончели, а потоа одржаа аукција за да соберат средства за Фондацијата Марко Симончели - дневен центар за деца со посебни потреби.

sic58wine

Аукција се одржа минатата сабота во „Castadiva Resort & Spa“,и на неа беа собрани вкупно 43.000 евра.

Винаријата „Le Due Quercie“ произведе специјална и ограничена колеција на вино „Sic58“ во чест на починатиот Марко Симончели, а потоа одржаа аукција за да соберат средства за Фондацијата Марко Симончели - дневен центар за деца со посебни потреби.

Оваа специјална аукција се одржа минатата сабота во „Castadiva Resort & Spa“,и на неа беа собрани вкупно 43.000 евра. Едно од вината, потпишано од Валентино Роси достигна цена од 9.000 евра, а друго потпишано од фудбалската ѕвезда Марио Балотели достигна цена од 3.300 евра.

На настанот присуствуваа возачите од MotoGP и Moto2, Андреа Довициозо, Симоне Корси и Матиа Пасини, тенисерот Флавиа Пенета, поранешниот Италијански фудбалер Бобо Виери како и многу други ѕвезди.

Жената која понуди најмногу за Sic58 (шишето е покриено со јаглеродни влакна и има етикета од титаниум) исто така доби и две карти за трката на Mugello GP, возење со Андреа Довициозо, ракавици потпишани од Симоне Корси, копачки од Бобо Виери и една вечер во „Castadiva Resort & Spa“. Кога ќе се земе сето ова во предвид, а пред се фактот дека парите одат во добротворни цели, ќе кажеме дека 9.000 евра и не се многу.

Back To Top