Мотоциклите можат да ве однесат на многу места каде што не можете да отидете со автомобил. Причините се многубројни, но пред се тука е нивната големина. Едноставно, со мотоциклите можете да поминете низ многу потесни места и да возите по многу потесни патеки.

На видеото кое можете да го погледнете подолу, Гевин Годфри со својот мотоцикл вози по еден многу тесен срт на планината Каневил во Јута. Како што ќе видите, речиси и да нема простор за грешка и можете да паднете дури и поради најмалото невнимание или пак губење на тркацијата.

Ridgeline1

Како светски рекордер на кого прв му успеало да направи троен „backflip“ со ваков мотоцикл, ризикот и опасностите не му се непознати на Гевин. Тој и неговиот брат се обидоа да видат колку време ќе издржат да возат по овој срт.

Дали би се обиделе и вие да го направите истото? 

Back To Top