Повеќето луѓе мислат дека Harley-Davidson мотоциклите се бавни, воопшто не се возбудливи и тешки се за управување. Тоа би можело да се каже за големите мотоцикли, но моделот „Sportster“ многу лесно може да се носи со спортските мотоцикли.

Повеќето луѓе мислат дека Harley-Davidson мотоциклите се бавни, воопшто не се возбудливи и тешки се за управување. Тоа би можело да се каже за големите мотоцикли, но моделот „Sportster“ многу лесно може да се носи со спортските мотоцикли.

Harley-Davidson Sportster постои од 1957 година и овој модел се користел во многу трки ширум Америка, благодарение на неговата мала тежина, едноставна конструкција и моќниот V-twin мотор.

Иако актуелниот модел тежи повеќе од 220 килограми и е малку тежок за навалување од една на друга страна, со искусен возач на него овој модел многу лесно ќе се носи со спортските мотоцикли. Ова не го зборуваме напразно.

harley davidson koleno dole

На следното видео имаме доказ дека со Harley Sportster можете да имате навистина неверојатно возење доколку имате храброст и знаење да го направите тоа. А возачот ги имаше и двете работи бидејќи многу лесно ги минуваше свиоците.

И не само тоа, туку тој возеше како да е на стандарден спортски мотоцикл и го навалуваше мотоциклот најмногу што може. За малку и ќе паднеше но сепак на крајот успеа да се спаси.

Тој возеше прилично постар модел. Замислете си што би можел да направи доколку го возеше новиот 2016 Roadster, кој има малку повисока суспензија, воланот е понизок и има масивен 1200cc V-twin мотор. Да не заборавиме, новиот модел има и предни, двојни диск сопирачки. 

Back To Top