thumb_387644Доколку уживате во мотокрос трка исполнета со карпести предели, 15 километарски делници и застрашувачки патеки тогаш „Кралот на моторите“ е трката за вас.

387644

Доколку уживате во мотокрос трка исполнета со карпести предели, 15 километарски делници и застрашувачки патеки тогаш „Кралот на моторите“ е трката за вас. Се работи за трка која ќе го извади максимумот од учесниците, а најупорниот ќе си замине дома со награда од 10.000$.

Самата трка е остварување на сонот за Џими Луис, човек кој е познат по списанието Dirt Rider Magazine. Тој учествувал на трка со големи џипови пред неколку години, и посакал истиот концепт да го примени со мотоциклите. Благодарение на неговиот сон, годинава се одржа инагуралната трка во Калифорнија, САД,  наречена „Крал на моторите“.

Трката немаше никакво ограничување на моторите, целосно отворен формат во кој можеше секој да се пријави и да учестува. Единственото правило на трката е дека возачите и моторите не смеат да бидат помогнати од екипата, значи еден возач, еден мотор и опасна патека. Како ориентација возачите смеат да користат ГПС уред, а победник е оној кој прв ќе дојде до целта.

Доколку ви звучи лесно, следниот податок ќе ве предомисли, имено, од 21 учесник на крајот финиширале само 6! Грахам Џарвис, европската оф-роуд легенда на крајот излезе како победник по три часовна борба со домаќинот Кајл Редмонд.

Во продолжение и две видеа од трката, уживајте:






Back To Top