17
Вто, Јан
Занимливости

Топ 10 најчудни мотори

Некои фирми решија да произведат моторцикли кои се различни од останатите. Еве го нашиот список на десетте најчудни моторцикли.

Следете нè на:

 

Честитки до производителите кои се осмелија да бидат поинакви

Не е невообичаено да се слушне дека постои недостаток од разновидност кај мотоциклите. Споредете ги ZX-10R и BMW S1000RR и ќе забележите многу сличности во дизајнот. Да бидеме искрени, тоа и се очекуваше.

Меѓутоа, некои фирми решија да произведат моторцикли кои се различни од останатите. Еве го нашиот список на десетте најчудни моторцикли.

1.Gilera CX

При крајот на осумдесетите години, моно вилушките беа во мода. Први започнаа од Honda  со моделот RC30, а потоа нив ги имаше насекаде, од Aprilia’s AF1 до BMW’s K1. Но Gilera  беа единствените кои сметаа дека она што навистина е потребно е единечен преден дел кој е поврзан со задниот дел.

Тоа го постигнаа со Paioli- еднострана вилушка, монтирана централно над тркалото која пак е прикачена на телото на мотоциклот. Резултатот беше мотор, кој доколку го гледате од десната страна, изгледа како да нема ништо што го поврзува тркалото со остатокот од моторот. Додадете на тоа интересна каросерија, тркала кои личат на дискови и индикатори монтирани на ретровизорите и ќе добиете еден од најзабележителните мотори некогаш понудени на продажба. За жал беше само 125cc.  Дали сте виделе некогаш ваков мотор?

Gilera-CXGilera CX го воведе концепто на моно предна вилушка 

2.Yamaha GTS

Следејќи ја предна суспензија на Gilera,Yamaha GTS од 1993 година беше нешто како изненадување на една од најголемите мотоциклистички компаниии. Предна моно вилушка, поврзана со тркалото и осовина помеѓу нив, тоа не беше единствениот ваков мотор произведен но сигурно бил еден од ретките мотори кои што сте можеле да го видите на филм. Додадете ABS сопирачки и вбризгувач на гориво на моторот од 1000cc и ќе добиете радикален мотор- и тогаш и сега. За жал возењето не ја доби потребната оценка, а ниту пак ни неговиот изглед не му помогна многу.

Yamaha-GTSYamaha GTS не ја доби популарноста која се очекуваше од него 

3.Yamaha WR450F 2-Trac

Сакајќи да докажат дека неуспехот што го имаа со GTS 1000 нема да ги отргне од идејата да произведат неконвенционален мотор, во Yamaha многу бргу потоа почнаа да работат на нивната следна голема идеја - погон на две тркала.

Всушност 2WD беше сметан за GTS заради предниот држач, но префрлувањето на вилушки се покажа како непрактично за механичкиот систем. Крајниот резултат, произведен заедно со партнерите на Yamaha од Ohlins, беше хидрауличен систем.

Користејќи пумпа управувана од моторот, две флексибилни хидраулични цевки и хидрауличен мотор поставен на предната осовина, добија 2WD кој може да работи со конвенционални вилушки. Тие дури експериментираа со монтирање на системот на R1, но во продажба се најде само WR450F 2-Trac.

Работеше добро но не го постигна посакуваниот резултат.

Yamaha WR450F 2-TracМалкумина можат да се пофалат дека имаат мотор со погон на две тркала - Yamaha WR450F 2-Trac 

4.Honda DN-01

Еден од недостатоците на хидрауличниот Yamaha 2WD беше тоа што системот за движење не можеше да ја пренесе огромната моќ на моторот на предното тркало. Honda DN-01 можеби го немаше 2 WD, но докажа дека хидрауликата може да се користи за носење на многу поголема моќ. Преносот кај моторот беше ремек дело, хидраулична пумпа која овозможуваше количеството на испумпаната течност да биде променливо. Навистина паметен потег.

Жално е што Honda ја искористи оваа трансмисија на стариот Deauville V-twin мотор, а на тоа му додаде и лош изглед. Цената на моторот исто така беше висока. Производството на моторот набргу беше прекинато но во иднина би можело повторно да се врати.

Honda DN-01Honda DN-01, револуционерен колку што беше фаличен 

5.Rokon

Како што покажа Yamaha со 2WD 2-track, проблемот со добивањето сила во предното тркало е поврзано со предната суспензија. Како да му дадете енергија на тркало кое и управува и се движи горе доле?  Решението на Америкнската фирма Rokon е да го задржи преносот на две тркала, а да ја отстрани суспензијата.

Всушност, додека повеќето моторцикли на нашата листа се неуспешни, приказната за Rokon е нешто поинаква. Произведуваат мотори уште од 60-тите, а основниот дизајн потекнува од 1958 Nethercutt Trail-Breaker. Тие сеуште се силни денес.

Без суспензија, мотор од Honda и погон овозможен од комбинација на ремени, нема ништо слично на Rocon. Тркалата можат да се наполнат со вода или резервно гориво или пак да се остават празни. Повеќе личи на трактор отколку на моторцикл. Но кој би можел да се противи на нешто што преживеало толку долго?

RokonТрактор или мотор? 

6. Boss Hoss

Моторот- косилка за трева на Rocon, не може да биде поразличен од вториот Американски мотор на листава, 6200cc Boss Hoss.

Вметнувањето на автомобилски мотор во мотоцикл е многу стара идеја. Но додека повеќето такви моторцикли се направени во домашна гаража, Boss Hoss го прави тоа веќе со години.

Во ред, можеби тие не се привлечни но тешко е да се расправа со нешто што произведува 445кс. И покрај фактот дека Boss Hoss тежи 500 килограми и има само две брзини во автоматскиот менувач, тој сеуште претставува одлично искуство. Слично како и Rokon и тие имаат голема група на следбеници. Boss Hoss го прави ова веќе 23 години.

Boss HossBoss Hoss развива 450кс од моторот со зафатнина од 6200цц 

7. MTT Y2K Turbine

Што правите доколку не ви се допаѓа соединувањето на мотор од автомобил со мотоцикл? Што велите за користење на мотор од хеликоптер? За жал тоа е веќе направено во MTT Y2K.

Тој е придвижуван од Ролс Ројс гасна турбина која веќе се користи кај различни хеликоптери и авиони и која нуди 320кс. А да не заборавиме, и работи на дизел.

Слабата страна е што гасните турбини не влијаат многу на на начинот на кој реагира гаста. Досадно е кога забрзувате но уште по вознемирувачки е тоа што откако ќе ја отпуштите гаста на моторот му треба малку време за да почне да реагира на вашите команди. Исто така и издувните вентили испуштаат оган, исто како кај млазен авион. Џеј Лено вели дека ги топи браниците на колите позади него кога го вози Y2K.

MTT Y2K TurbineMTT Y2K вози мотор од Ролс Ројс

8. Suzuki RE5

Y2K не е единствениот спортски моторцикл кој го има отстрането старомодниот клипен мотор за нешто со помалку подвижни делови- неколку мото фирми веќе го имаат направено истото но со Wankel ротационен мотор наместо турбински.

Во теорија, Wankel беше совршен за мотоцикл. Речиси без вибрации со голема моќност. Што повеќе да посакате од тоа? Па, за почеток, поголема сигурност.

RE5 исто така нуди (или можеби страда од) стил кој доаѓа од дизајнер на коли - во овој случај Џорџето Џуџаро.  Неговите коли беа одлични. На пример MK1 Golf, и Lotus Esprit. Но дизајнерите на автомобили изгледа се мачат кога треба да работат со две тркала. RE5 не беше толку лош, но неговиот карактеристичен додаток, таблата со инструменти и светлото кои изгледаат како да има закачено алат напред и позади на моторот – не помогна многу.

re5Suzuki RE5, без вибрации, но со проблеми. 

9.Bohmerland

Мотоциклите имаа различни големини и форми во текот на минатиот век, но малкумина беа толку чудни како 1924-1939 Bohmerland.

Што го прави карактеристичен? Па, за почеток, фактот дека беше дизајниран да седат три или четири лица.. Беше долг, навистина долг кај верзијата со четири седишта.

Тој дизајн можеби не беше доволно разбран но сите му должиме на Bohmerland голема благодарност.Тој беше првиот моторцикл кој имаше алуминиумски тркала.

BohmerlandBohmerland беше дизајниран да превезува 3-4 лица 

10.BMW C1

Покрај некаков вид на мотор и возење на две тркала, единственото нешто заедничко што го имаат сите мотоцикли е тоа што возачот не е заштитен од временските неприлики.

Дури и Goldwing, во кој го имате секој можен комфорт, не обезбедува заштита од сонце или дожд.

Освен BMW C1; храбар обид да се направи моторцикл за возачите на автомобили; покрив, појас за седиштето и заштитен оклоп.

Не, не успеа. Се чини дека возачите на автомобили, по дефиниција преферираат автомобили, а возачите на мотоцикли, преферираат мотоцикли. Кој би помислил на тоа.

За чудо, C1 сеуште има лојални следбеници. Неговата цена сеуште е висока, а BMW дури и навести дека можеби повторно ќе почне со производство, покажувајќи подобрен, електричен C1 мотор пред неколку години. Секако тука се кинезите кои постојано прават копии на C1.

BMW C1BMW C1, еден од ретките мотоцикли кои можат да се пофалат со покрив 

Тоа се десетте најмалку конвенционални моторцикли некогаш произведени.  Дали мислите дека сме пропуштиле некој?

 

comments

Би можело да ве интересира

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Десетата етапа на релито Дакар се покажа како лоша за возачот на Rockstar Energy Husqvarna, Пабло Квинтанила, кој мораше да се повлече од трката.

Тимот на Repsol Honda од 2017 година ќе започне да ги користи издувите од SC-Project наместо досегашните од Termignoni откако потпишаа технички договор со Италијанската компанија.

Неколку недели откако беше објавено промотивното видео, Triumph ни ја претстави Street Triple линијата која ни доаѓа со поголема моќност, број на вртежи, технологија и перформанси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!