23
Пет, Јун
Занимливости

Топ 10 митови и легенди за мотоциклите

Сите сме ги слушнале приказните за тоа што може да ви се случи доколку возите мотоцикл, работите што можете да ги направите за вашиот мотоцикл да оди побрзо или што да направите доколку паднете.

Следете нè на:

 

Сите сме ги слушнале приказните за тоа што може да ви се случи доколку возите мотоцикл, работите што можете да ги направите за вашиот мотоцикл да оди побрзо или што да направите доколку паднете. Поголемиот дел, ако не и сите, немаат никаква смисла. Според Ride Apart, ова се десетте најинтересни митови и легенди поврзани со мотоциклите.

1. Треба да го навалите мотоциклот доколку паѓате.

- Тоа никогаш нема да се случи. Голем дел од несреќите се случуваат толку брзо што дури и немате време дури ни да помислите да го направите ова.  Исто така, помалку е и чудно да помислите на ова. Како што напомена Вес Силер неодамна, никогаш, буквално никогаш не се обидувајте да го навалите мотоциклот. Нема да ви помогне. Ако можете, обидете се да ја намалите брзината, останете исправено и силно притиснете на сопирачките.

2. Тркачките пневматици ќе направат мојот мотоцикл да се движи побрзо.

- Нема. Пневматиците за трки се комплетно различни од стандардните пневматици. Тие се направени од различен материјал и најдобро работат кога се загреани. Вие ретко кога ќе успеете да ја постигнете таа топлина на вашите гуми. Големи се шансите да паднете пред да успеете да го направите ова. Затоа, подобро задржете си ги стандардните пневматици.

Dunlop Q3 770x433Тркачките гуми нема да ве направат побрз возач

3. Мотоциклите се помали од авомобилите или камионите и затоа полициските радари нема да можат да ве забележат.

- Самото тоа што мотоциклите се помали не значи дека можете да го избегнете радарот. Денешните полициски радари се доста напредни и точни. Се верува дека тие можат да ја измерат и брзината на инсект додека лета. Но, тоа е друга приказна. Во секој случај, само поради тоа што возите мотоцикл, не значи дека можете да и избегате на казната.

4. Никогаш нема да ми се случи мене.

- Да, ќе ви се случи. Само поради тоа што возите долго време и досега не сте имале никаков проблем, не значи дека тоа никогаш нема ни да ви се случи. Секогаш возете внимателно и очекувајте го неочекуваното.

5733473661 ea4f161c09 b 770x512Секому се случува да падне.

5. Контролата на тракцијата ќе ми помогне да бидам побрз.

- Да и не. Ако сте нов возач и се уште немате доволно самодоверба, нема да знаете што прави контролата на тракцијата. Ако сте тркач, тогаш веројатно контролата на тракцијата ќе ви пречи и ќе ве забавува. Ако се гледате помеѓу овие две групи, тогаш добро е да имате контрола на тракција како еден вид на заштита доколку возите малу побрзо отколку што очекувате. Нејзината намена е да ви помогне доколку имате проблем.

6. Новите пневматици имаат облога која може да се извади само ако возите неколку километри со малку издишани гуми.

- Не. Ќе паднете и ќе се повредите. Повеќето нови гуми изгледаат ако да имаат облога, но всушност тие само така изгледаат кога се нови. Никогаш немојте намерно да го намалувате притисокот на гумите. Доколку возите со издишани гуми, тие многу полесно се оштетуваат а може и да пукнат. Не правете го тоа.

7. Лицата на возраст од 18 до 25 години се најризичната категорија.

- Иако кај новите возачи ризикот е поголем поради неискуството, според неодамнешното истражување на Националната агенција за безбедност на автопатите, на патиштата низ САД најмногу несреќи имаат лицата кои спаѓаат во групата од 40 до 55 години. Агенцијата го прави ова истражување веќе 10 години. Според нив, повеќе од 40% од сите возачи кои загинале на патиштата ширум САД во просек имаат по 42 години. Кажете им го овој податок на вашите пријатели кога ќе одберете да купите мотоцикл наместо автомобил.

8. Никогаш не помислувајте дека ќе паднете бидејќи ако го сторите тоа веднаш и ќе паднете.

- Ова нема никаква смисла. И покрај тоа што не треба да се фокусирате на несреќа, секојпат кога ќе се качите на мотоциклот морате да бидете свесни за ризикот. Ако мислите дека нема да се случи, знајте дека ќе се случи.

9. Купете го омилениот мотоцикл и за кратко време ќе научите да возите.

- Ова зависи од тоа каков ви е омилениот мотоцикл. Но пред да го купите мотоциклот, бидете подготвени да потрошите пари и на заштитна опрема. Не само кацига туку и ракавици, добри чизми и облека за возење. Кога ќе го имате сето тоа, тогаш можете да почнете да мислите на мотоциклот. И покрај тоа што ви се допаѓа некој мотоцикл, не мора да отидете и веднаш да го купите. Направете добра проверка претходно. Напишете ја домашната задача. Разговарајте со луѓе кои возат и кои имаат добри познавања. Потоа купете нешто според вашите можности и нешто на кое ќе имате самодоверба. Купете некој мотоцикл кој нема да го мислите многу и кој е лесен и евтин за поправка. На подолг рок тоа ќе ви заштеди време и пари.

10. Само поради тоа што возите мотоцикл ќе им бидете неодолив на девојките.

7777278968 da3f6f76b8 o 770x529Нема тука ништо неодоливо.

- Можно е. Но само ако најдете некоја девојка која сака да зборува за мотоцикли. На неа ќе и се допадне фактот дека има масло под вашите нокти и нема да и смета ако не мирисате убаво. Некоја која ќе сака да ги гледа вашите лузни и која ќе сака да ја слуша истата приказна за тоа како сте паднале при брзина од 100 километри на час. Всушност, ако го прави сето ова, таа е сигурно исто така мотоциклист. Во тој случај, сте добиле бинго.

Дали пропуштивме нешто? Сигурно да, бидејќи ова е само мал дел од митовите за мотоциклите. Што имате вие слушнато откако почнавте да возите?

comments

Би можело да ве интересира

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!