22
Сре, Фев
Занимливости

„Tilting Motor Works“ ја покажаа забавната страна на мотоциклите со три тркала

Еден од главните недостатоци на мотоциклите со три тркала е лошото движење во свиок. Ако сакате да се вратите безбедно дома, во никој случај немојте ги да возите брзо кога влегувате во некој свиок. 

Следете нè на:

 

Бидејќи тие не можат да се навалат, воопшто не се погодни за нагли вртења. „The Spyders“ имаат многу електроника во нив за да компензираат за овој недостаток, и тие се наслонуваат на нивниот алгоритам за стабилност.  Ако го погледнете нивното промотивно видео, ќе можете да забележите дека многу внимателно ја одбегнуваат оваа тема.  Нема да видите како некој вози ваков мотоцикл брзо при влегување во свиок. Секако, има и храбри луѓе кои се спремни да го направат ова.

3d000559bc0c4994e4Подобрување или уништен мотор?

Истото е однесува и на обичните мотоцикли со три тркала. И за двете категории, мора да се напомене едно нешто. Нивниот неподвижен центар на гравитација ги прави работите полоши при вртење, со тоа што го турка мотоциклот надвор од идеалната линија на возење и со тоа ја зголемува можноста за превртување.

Tilting Motor Works го решава овој проблем со тоа што ги преработува мотоциклите во трицикли  со помош на лост. Секако, TMW машините не изгледаат толку добро како класичните мотоцикли на три тркала, но се многу позабавни.

Двете предни тркала се закачени на лост кој му овозможува да трициклот да се навалува како и класичните мотоцикли.  Ова му овозможува на возачот да го користи своето тело за полесно да управува.  И на сето ова, додадете ја стабилноста што ја имате со три тркала.

Со овој мотоцикл ќе ви биде полесно да ги следите останатите возачи од вашата група, а во исто време ќе бидете побезбедни.

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!