25
Вто, Апр
Занимливости

Шумахер, Еспергаро, Мамола, МекГинис и Флинт во реклама за „Monster“

motori monster-energyЕнергетскиот пијалак „Monster“ за потребите на својата нова реклама ги собра на едно место Михаел Шумахер, Кеит Флинт (фронтменот на Продиџи), Џон МекГинис (легенда на „Isle of Man TT“), пензионираниот „MotoGP“ возач Ренди Мамола и талентираниот „Мото2“ возач Пол Еспергаро.

Следете нè на:

 

monster-energy

Енергетскиот пијалак „Monster“ за потребите на својата нова реклама ги собра на едно место Михаел Шумахер, Кеит Флинт (фронтменот на Продиџи), Џон МекГинис (легенда на „Isle of Man TT“), пензионираниот „MotoGP“ возач Ренди Мамола и талентираниот „Мото2“ возач Пол Еспергаро.

Чудниот збир на адреналински зависници сигурно ќе биде интересен за гледање, се надеваме дека наскоро ќе имаме прилика да го видиме видеото во кое Шумахер вози Ducati Panigale, Еспергаро го вози својот мотор, МекГинис е на Хонда, Мамола вози Јамаха од Супербајк шампионатот, а Флинт е на Сузуки.

„Да бидам денеска присутен на патеката со луѓе на кои им се восхитувам е вистинска гордост за мене. Не можам да ви опишам колку беше забавно да се вози на патеката со ѕвезди како Џон, Ренди, Кеит и да се следи огромниот талент на Еспергаро“ - изјави Шумахер по снимањето.

МекГинис кој го има освоено „ТТ“ 19 пати изјави: „-Да се вози со Михаел беше навистина добро. Тоа што тој го има постигнато со четири тркала на некој начин го прави Кум на мотоспортот. Очекував дека ќе вози добро, но тој е навистина брз! Неговиот ентузијазам кон моторите и возењето придонесоа ова да биде прекрасен ден.“

За крај и Флинт со своја изјава за настанот: „Денешниот ден може да се опише само како легендарен. Кога излегував од питот се обидував да се освестам што ми се случува додека поминував крај Шумахер, Мамола и вистинскиот гладијатор Џон МекГинис. А тука беше и Еспергаро, кој рака на срце, има што да покаже.“

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!